19.08.2013, 16:28 Мубарак наскоро на слобода?
Адвокатот на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак изјави денеска дека тој би можел „мошне бргу да се најде на слобода“.
Во разговор за Би-Би-Си, адвокатот Фаред ал Диб вели дека ќе биде пуштен од затвор во следните два дена. Според објаснувањето на адвокатот Ал Диб, поранешниот претседател Мубарак е веќе ослободен од едно од обвинувањата за корупција, а сега се очекува судот во Каиро да одлучи дали тој ќе остане во притвор, за другите кривични дела кои му се ��рипишуваат.
Хосни Мубарак се соочува со повторување на судењето во кое поранешниот претседател се обвинува за корупција, како и за „соучество во убивањето на демонстранти“ за време на масовните протести во 2011 година, по кои тој беше принуден да поднесе оставка на сите функции.
|