18.08.2013, 15:22 ЈСП ќе отвора музеј на автобуси
Наскоро ќе биде отворен музеј на автобуси. Во поставката, која ќе биде лоцирана во автобазата на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда, ќе бидат изложени 7 автобуси од марките „лејланд“, „санос“, „раба“, „ман“ и „икарус“ кои превезувале патници во различни периоди, почнувајќи од основањето на претпријатието. Според директорот Мишо Николов, годинава ЈСП прослави 65 години од своето основање и со оглед на тоа дека веќе целосно го обнови својот возен парк, идејата за отворање еден ваков музеј се наметнала сама по себе. (С.Р.) |