Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.08.2013, 12:38

Јубилејот без Докузовски и Марковски!?

Во долгата листа на заслужни за развојот на репрезентативната кошарка МКФ не подели признанија на двајцата селектори кои оставија историски облежја

На полувремето на мечот помеѓу Македонија и Литванија се одржа и свечена церемонија за одбележување на јубилејот 20 години од првиот натпревар на Македонската кошаркарска репрезентација. Македонската кошаркарска федерација (МКФ) им додели признанија и благодарници на сите оние кои придонеле во развојот на репрезентативна кошарка, но на листата освен некогашните селектори Лазар Лечиќ, Стерули Андоновски и Благоја Георгиевски-Буштур, ги немаше Марин Докузовски и Заре Марковски.

Која и да била замислата на челниците на „куќата на кошарката“ сепак кај многумина во салата “Борис Трајковски“ се наметна прашањето зошто немаше признание за Докузовски - селекторот со кој што Македонија го освои историско четврто место на ЕП во Литванија 2011 година.

Од МКФ го (не) заборавија и Заре Марковски, првиот селектор што ја одвел нашата земја на едно Европско првенство. Откако успешно ги мина квалификациите за ЕП 1999 година ги предводеше црвено-жолтите на континенталниот собир во Франција.

Во периодот по неговото напуштање на кормилото на македонската репрезентација Македонија долго време се бореше да го мине квалификацискиот циклус...по него и покрај тоа што бевме дел од европските првенства најголем успех постигна Марин Докузовски. Искусниот стратег на своите наследници им остави тешка задача - одбрана на четвртото место, што иако сите го посакуваме од се срце ќе биде тешко да се повтори, бидејќи противниците повеќе не не гледаат како аутсајдери.

Инаку наградени беа Александар Књазев, Давитков, Воиновиќ, Милан Сотировски, Ѓорѓи Књазев, Николче Петрушев, Игор Михајловски, Милан Медиќ, Петар Наумоски, Дејан Јовановски, Перо Настев, Перо Блажевски, Душко Боцевски, Врбица Стефанов, Горан Самарџиев, Марјан Ѓуров, Мирза Куртовиќ, Диме Тасовски, Димитар Мираковски, Тони Симиќ, Срѓан Станковиќ, Марјан Србиновски, Александар Димитровски.


МКФ: Признанија добија само пензионираните 

За да нема забуни во македонската јавност, македонската кошаркарска федерација (МКФ) веднаш се огласи за забелешките околу Марин Докузовски и Заре Марковски.

„Церемонијата на доделување на наградите беше поделена на два дела, првиот дел за оние што настапија за првата македонска репрезентација и вториот дел на оние што во минатото беа дел од националниот тим, но што во иднина веќе нема да го носат црвено-жолтиот дрес. Затоа и им беа дадени признанија на Књазев, Андоновски, Буштур... бидејќи тие повеќе никогаш нема активно да работат во репрезентацијата, па сакавме да им се заблагодариме за досегашниот придонес. Давитков доби признание како играч, а не како поранешен селектор. Што се однесува до Заре Марковски и до Марин Докузовски, сметаме дека вратата на нивна повторна работа во репрезентацијата не е затворена и тоа е единствената причина зошто не добија признанија. И двајцата беа поканети да бидат дел од синоќешниот натпревар, но не беа во можност да присуствуваат“, истакна директорот на македонската репрезентација, Илија Мерџановски.


Статијата е прочитана 1107 пати.


Испрати коментар



Евробаскет 2013 - Во Копер ќе се игра баскет на море
Убедлив триумф на Јувентус во Суперкупот на Италија
Барса со седум гола го „прегази“ Леванте
Надал и Азаренка триумфираа во Синсинати
Болт го истрча и третото злато
Неда Украден ќе ја забавува „фалангата“
(ФОТО) Металург го одбрани трофејот во Струга
Пипан не e задоволен, не е ни разочаран
(ФОТО) Литванска одмазда среде Скопје
Астон Вила го преслуша Арсенал на „Емирати“
Болт најбрз и на 200 метри
Металург и Иври финалисти во Струга
Суарез пак првиот тим на Ливерпул
Фарах најбрз и на 5.000 метри
Надал и Федерер се судрија во четврт-финалето
Густаво официјално во Волфсбург
Спекталот за ЕП може да почне
Металург на чекор до финалето во Струга
Бондаренко се закити со злато во Москва
МЗТ ги почна подготовките за новата сезона
Јаневски задоволен од резултатот, но не и од играта
Бартоли замина во пензија
Вардар и Металург убедливи на стартот на „Струга 2013“
Бугарија падна во вистинско време
Злато за Ирска на 50 километри брзо одење
Илиевски - „Ќе го оставиме срцето на терен“
УЕФА го исфрли Металист од ЛШ
Хејнкес го одбил ПСЖ
Ибрахимовиќ - „До крај ќе го испочитувам договорот“
Шарапова се сопна уште на стартот во Синсинати
(ВИДЕО) Исинбаева трет пат светска шампионка
Металург СЕХА ќе ја игра во Велес
Гечевски - Фотографијата не ме остави рамнодушен
Руска доминација на 20 километри брзо одење за жени



germanija, 19.08.2013 00:37:16
Priznanija se delat na licnosti od vlasta.aku nesi za vmro nikomu nisto,Makedonija e partiska drzava.Samo neznam do koga,kako sto mirisat rabotava ne ke bidit dolgo.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |