16.08.2013, 16:03 Густаво официјално во Волфсбург
Бразилецот и покрај тоа што имаше понуда од Арсенал, кој пак му нудеше 17 милиони фунти, сепак, одлучи да остане во Бундес-лигата.
Луис Густаво и официјално е нов играч на Волфсбург откако челниците на германскиот клуб, конечно, успеаја да најдат заеднички јазик со сега веќе ексклубот Баерн Минхен. Бразилецот и покрај тоа што имаше понуда од Арсенал, кој пак му нудеше 17 милиони фунти, сепак, одлучи да остане во Бундес-лигата. Густаво потпиша петтгодишен договор (до 2018 година), иако финансиските детали околу трансферот не се откриваат, сепак, тамошните медиуми откриваат дека клубот платил 15 милиони евра.
„Дваесет и шестгодишниот играч за врска потпиша договор до 2018 година. Двете страни се договорија да не се откриваат финансиските детали“, се вели во соопштението на Волфсбург. |