Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон Саботен магазин
Саботен магазин
16.08.2013, 19:30

Саботни муабети

Македонците и хејтањето секс на рингла

Огнен Јанески

„Твитаме за Хелена, Зоки Фаци, Боки13, Кико и се чудиме зошто не ја бидува Македонија... хејтам брат, хејтам!“ – (твитерџија: Aleksandar S. - ?@juvesnake)


Македонскиот народ веќе не плете, не везе гоблени, не гази јамболлии. Македонскиот народ сега си хејта!

Со извинување до сите за немакедонската употреба на зборот, но, постои суштинска разлика во денешно време, меѓу македонското „мразење; омразување“ и англиското „хејтање“ во македонскиот дигитален живот, па и кај останатите нации. Од мразење може и да наштетите некому сериозно, зашто произлегува од „силно чувство на непријателство, злоба или одбивност спрема некого или нешто“ (според дефиницијата на зборот „омраза“ во македонските речници). А хејтањето е суштински различно, зашто не мора да е поттикнато од злоба, туку може да биде само поради потребата да си направите да ви биде интересен моментот, денот или слично и притоа само(!) вербално, или со дигитални текстови и зборови да исмевате некого или нешто (ако има основа, барем некаква), оти вам ви е досадно. Дури постојат и случаи, кога се хејтало, така од љубов, од милост кон некого. Или си се хејтате дома, со најблиските, со цимерите, со пријателите и така во недоглед. Честопати, поради неправење основни разлики, се' уште (но, ќе дојде и тоа време), хејтањето знае да се замени и со „тролање“. Но, за овој новокомпониран и се' уште непризнат глагол, во некоја друга можност за пишување.

Зборувам за хејтањето, поради најсвежиот пример што го просведочивме повеќето изминатите денови, со изјавите на Христијан Тодороски-Кико (од веќе заборавеното од Бога шоу – „Македонски идол“) во светот на социјалните мрежи за сексот на ринглата, вклучена на кец.

Новинарот Петар Ацев, во лајф-стајл магазинот „24 ексклузив“, убаво си нагласи на крајот од најавата за интервјуто со Кико: „Ова е ’24 ексклузив‘, во борба за сексуална слобода на македонскиот народ“. Добро, дискутабилно е што, впрочем, би претставувала таа борба за сексуална слобода, кога ние како народ сме учени од мали дека за сексот не се разговара јавно, дека тоа е нешто што си го правите зад затворени врати, па токму од таа конзерва-идеологија се оправдуваат и непризнавањата на многуте човекови права во ова општество (како тие на ЛГБТИ-популацијата или сексуалните работници/чки). И оп(!), се фати народот на медиумскиот мамец! 10 едноставни прашања беа поставени, а на сите десет од нив, дури и повеќе од нормални одговори, особено зачинети со тешка балканштина и мачизам. Што? Демек во друштво не си ги „дрвите“ и не си ги „мерите“ кога сте собрани и си правите муабет братски и другарски кој, која, како, каде и зошто? Како тоа одеднаш муабетот на Кико стана главна тема на муабет? Како тоа неговиот секс на рингла, осум пати со една девојка во денот и сочниот опис на „Ж’г, ж’г, ж’г, ж’г!“ е моментот којшто мора да го сподели секој со сопствен коментар? Има неколку варијанти.

Прво, може не сме навикнати освен Хелена Роза, Боки 13, Зоки Фаци, Маја Синадиновска и Сузе Валијант некој друг да зборува за сексот на телевизија. Второ, можеби веќе не постојат братско-другарски „дрвења“ во маалото, на клупи. Трето, можеби вистина сме и конзерва-нација, па како дечиња од претшколска возраст ни е смешно кога некој ќе спомне како го користи „ТуЛето“ и одиме од профил на профил и прераскажуваме за тоа. Демек вие не сте имале секс на машина за перење? Или в кујна, на лавабо? Или на тераса? Или в лифт? Постои и четврто нешто - можеби немаме доволно свој сексуален живот, па поради фрустрации го насочуваме коментирањето во насока на тие што јавно споделуваат интимни нешта. Не ви изигрувам Фројд, ниту, пак, ми е интересно тоа, но ми е чуден фактот дека постојат луѓе што премногу сериозно ги сфаќаат денешните начини на зафркавање. Проблемот со изјавите на Кико и хејтањата низ социјалните мрежи не е токму во зафрканциите на он-лајн корисниците, туку во оние што сериозно ги сфаќаат тие работи и од мравка ги претвораат во слон. Никако да се научиме да прифаќаме, да размислуваме, да расудуваме здраворазумски. Не се јаде се' што се пишува во медиуми (нови или стари).


Статијата е прочитана 4325 пати.


Испрати коментар



Столот број 14
„Незаборавот“ за Спасеновски
Беровскиот бербер пострижил и избричил половина Македонија
Битола, бабам Битола... поубава од кога и да е
Жена по која се вртат и жените
Бигорската книгохранителница



ХЕЈТЕР, 17.08.2013 00:42:43
Дефинитивно моралните вредности се загубени. За да се биде интересен се ќе се каже и секаде дури и интимата само да се биде во центар на внимание... хаос!
Владе, 17.08.2013 07:20:48
Само што помладите генерации со воодушевување откриваат топла вода повторно и повторно. Македонскиот народ никогаш и не газел јамболии, туку си го правел она што му е длабоко во генот, а што помладите со време ќе сфатат дека не го измислиле туку го наследиле: терал сеир и се подеба*ал. А ако се изглупираш на маалска клупа, тоа е само за пред другарите кои секако те знаат што китка си. Распостилањето племенити мисли на телевизија пак, е одличен начин да се наместиш за национално тролање (да се изразам модерно, нели?)
Инфериорен, 18.08.2013 04:11:00
Многупати до сега сум коментирал и пак би да прашам: До кога медиумскиот простор ќе го гнасите со вакви „колумнисти“? Не дека имам нешто лично против авторот, но темите кои ги пишува за Вашиот почитуван сајт се толку небитни, несодржајни... Луѓе, државата ни се распаѓа, а весник од типот на „Утрински“ не смее да си дозволи вакви текстови да се појавуваат! Не смее да се помисли, а камоли објави! После жалете се за тоа какво ни е новинарството денес, кога сами го создавате како такво! Имате ли воопшто претстава што значи да бидеш колумнист?! Тоа е највисока форма на изразување, која умеат да ја пишуваат само старите новинарски пера! Треба знаење, вештина, искуство... А во денешно време, додека уклучиш рингла да вариш кафе, си напишал колумна!
SS usa, 18.08.2013 19:34:30
Zal mi e za Inferioren, zashto ne go svati tekstot a bas bese namenet za takvi kako nego-hejteri.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |