19.08.2013, 11:37 Барса со седум гола го „прегази“ Леванте
Шампионот на стартот на сезоната постави високи стандарди, првото полувреме каталонците имаа шест погодоци
Фудбалерите на Барселона стартуваа со високи 7:0 на мечот со Леванте играјќи феноменален натпревар. Каталонците доминираа во текот на сите 90 минути, а подобар старт од овој не можеа да направат. Санчез, Меси, Алвеш, Педро и Чави беа стрелци на седумте погодоци на бранителот на титулата, кој постави високи стандардни на стартот на новата сезона.
Тоа што во тимот имаат нов тренер и не се почувствува, а фактот дека тој е решен да им даде шанса на сите во составот се виде и по првите 11 кои му беа комбинирани и различни од очекувањата. Голови даваа сите и едноставно докажаа дека магијата на „Ноу Камп“ останала и ќе биде присутна и во новата сезона.
Инаку, според играта можеше да има и повеќе погодоци, но и овие седум потврдија дека титулата ќе се брани во голем стил.
Составот на Реал Мадрид се намачи на стартот од сезоната против Бетис, иако на крајот славеше со 2:1. Како што вели традицијата, Бетис секогаш е незгоден ривал во 1. коло за „кралевите“, па тие долго време беа во предност и во можност да освојат еден бод.
Сепак, откако во првиот дел Бензема успеа да израмни, во второто полувреме Реал тргна решително и посакуваше гол. Погодокот стигна дури во финишот по една добро нафрлена топка од Марсело. Иско беше највисок во скокот, а голманот на Бетис беше немоќен. На тој начин Реал направи целосен пресврт и дојде до триумф со кој успеа да стартува со три бода во новата сезона. Иско беше спасителот на Анчелоти.
„Мораме да напредуваме уште и многу да работиме. Имавме доста шанси, но имавме големи проблеми со одбраната“, изјави по мечот Анчелоти, кој во продолжение дава објаснување зошто Икер Касљас не беше на голот на „кралевите“. За оваа средба на голот одлучив да го поставам Диего Лопез, не знам кој ќе брани следната средба. Имам одлична екипа“.
Резултати: Сосиедад - Гетафе 2:0, Ваљадолид - Атлетик 1:2, Валенсија - Малага 1:0, Барселона - Леванте 7:0, Осасуна - Гранада 1:2, Реал Мадрид - Бетис 2:1, Севиља - Атлетико М. 1:3. |