17.08.2013, 10:15 Суарез пак првиот тим на Ливерпул
Уругваецот бараше заминување од клубот и изминативе неколку дена тренираше сам
Фудбалерот на Ливерпул, Луис Суарез, повторно тренираше со првата екипа, откако имаше разговор со менаџерот на тимот Брендан Роџерс.
Што точно е зборувано се` уште не е познато, но менаџерот на „црвените“ Роџерс претходно изјави дека додека Уругваецот не се извини за сите претходни изјави, кога бараше заминување од клубот, нема да тренира со првата екипа. Така беше изминативе неколку дена, кога Суарез тренираше сам.
За напаѓачот на Ливерпул, ова лето интерес имаа неколку екипи, пред се`, конкурентот од Премиер лигата Арсенал, но раководството на Ливерпул ги одби сите понуди за трансфер.
Поради казната од претходната сезона, Суарез ќе го пропушти почетокот на сезоната. |