13.08.2013, 22:01 ВИДЕО: Исинбаева трет пат светска шампионка
Руска атлетичарка ја заврши својата натпреварувачка кариера во скок со стап со злато на Светското првенство во Москва
Светската рекордерка Јелена Исинбаева од Русија го освои третиот златен медал на Светските првенства откако на претходните натпреварувања имаше слаби резултати. Вечерва на шампионатот во Москва прескокна 4.89 метри за првото место, додека олимиската шампионка Американката Џенифер Сур го освои среброто со прескокнати 4.82 метри. Бронзата и припадна на Јарасеј Силва од Куба која имаше иста височина, но послаба серија.
Жана Мелинчеко од Украина е светската шампионка во седмобој со собрани 6586 поени или 56 повеќе од Брине Тејсен Итон од Канада, кој имаше 6530 поени. И двете ги постигнаа најдобрите лични резултати. И третопласираната Дафне Шиперс од Холандија постави национален рекорд - 6477 поени.
На 3.000 метри стиплчез во женска конкуренција победи Милах Чеива од Кенија, пред својата сонародничка Лидија Чепкуруи и Софија Асефа од Етиопија.
Во трката 20 километри брзо одење првите две места за руските атлетчарки. Златниот медал и припадна на Елена Лашманова, која имаше време 1:27.08 час, а само три секунди послабо време постигна нејзината сонародничка Анисија Кирдјапкина - 1:27.11. Бронзениот медал го освои Луи Хонг од Кина со време - 1:28.10.
На трката од 400 метри кај мажите со најдобар резултат оваа година победи Американецот Лашон Мерит со време 43.74 секунди, пред својот сонародник Тони Мекој и третопласираниот Лекуелин Сантош од Доминиканска република. Лош пласман на седмото место постигна олимпискиот и светски шампион од Даегу, Кирани Џејмс од Гранада.
Титулата светски првак ја одбрани Германецот Роберт Хартинг во фрлање диск. Тој дискот го фрли со далечина 69.11 метри. Среброто повторно му припадна на Пјотр Малаховски од Полска, а трет заврши Герд Кантер од Естонија.
Во отсуство на најдобриот на 800 метри Давид Рудиша од Кенија, златниот медал на оваа трка му припадна на Мохамед Аман од Етиопија, пред „сребрениот“ Ник Симондс од САД и „бронзениот“ Ајанелех Сулејман од Џибути.
|