Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.08.2013, 21:27

Во Египет вонредна состојба, најмалку 149 загинати во Каиро

По крвавите настани потпретседателот Мохамед Ел Барадеј поднесе оставка, а во земјата е воведена вонредна состојба

Потпретседателот на Египет Мохамед Ел Барадеј поднесе денеска оставка заради несогласување со одлуката на властите насилно да ги урнат протестните кампови на приврзаниците на соборениот од власт претседател Мохамед Морси во Каиро, што предизвика судири во кои загинаа најмалку 149 луѓе. Оставката ја образложува во писмо до привремениот претседател Адли Мансур.

- Ми стана претешко и понатаму да носам одговорност за одлуки за кои не се согласувам и од чии последици стравувам. За жал, од денешните случувања профитираат само оние кои повикуваат на терор и насилства, а тоа се екстремистичките групи, наведува тој.

Бројот на убиени во Египет се зголеми на 149 лица, повредени се 1.403

Бројот на убиени во денешните судири во Египет се зголеми до 149 луѓе, додека бројот на повредени е 1.403, објави Министерството за здравство.

Вршителот на должност претседател Адли Мансур претходно воведе вонредна состојба во државата за еден месец и полициски час во 11 провинции од 19 часот по локално време до шест часот наутро.

Муслиманско братство тврди дека бројот на загинати е 220 и над 8.000 повредени.

Египетските безбедносни сили утрово нападнаа два големи импровизирани кампа полни со поддржувачи на соборениот претседател Мохамед Морси, срамнувајќи ги шаторите со булдожери и протерувајќи стотици демонстранти.

Во рок од три часа од упадот, силите го расчистија помалиот од двата кампа - кампот „Нахда“, во близина на кампусот на Универзитетот во Каиро. Но, поголемиот - во близина на џамијата „Рабаа ал-Адавија“ во источниот дел на Каиро - се покажа посложен, а силите се соочија со жесток отпор. Војската ги повика своите специјални сили.

Белата куќа остро се спротивстави на воведувањето вонредна состојба

Вашингтон остро се спротивстави на воведувањето вонредна состојба во Египет.

Портпаролот на Белата куќа Џош Арнест рече дека насилството означува непочитување од страна на преодната власт во Египет.

Тој ги повика воените лидери на Египет да ги почитуваат основните човекови права на граѓаните на Египет и нагласи дека насилството само го отежнува враќањето на мирот и демократијата.

Администрацијата на Обама досега не даде коментар дали го смета за државен удар соборувањето од власт на претседателот Мохамед Морси.


Статијата е прочитана 497 пати.


Испрати коментар



Пусториус обвинет за убиство со предумисла
И Институтот за стандардизација ќе издава сертификати за ИСО-стандарди
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Жерновски - Општината и Министерството за култура работеле незаконски на „Скопје 2014“
Водовод aпелира да не се кршат јавните чешми
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
ГТЦ со месечна добивка од околу 1.100 евра
НАТО нема да се меша во Египет
(ФОТО) Реонски центар „Аеродром“ ќе добие нова инфраструктура
Четврта Школа за млади лидери кај Иванов
(ФОТО) Македонија го одбележува Денот на АРМ
Почина „адвокатот на ѓаволот“
Турција и Египет ги повлекоа своите амбасадори на консултации
Изгаснат пожарот во магацин за шеќер и масло во Глумово
„Вашингтон пост“ објави извештај од Сноуден за работата на НСА
СБ повика да престане насилството во Египет
Свечености за Денот на АРМ
Итна седница на Советот за безбедност за Египет
Почнаа уписите на државните универзитети
Јакнење на капацитети во енергетиката
УНЕСКО испраќа комисија да види што се случува во Охрид
Зголемен прометот во индустријата
(ФОТО) Обама од Кенија ја виде Македонија
Албанците за Сирија заминуваат преку Турција
Ќе се вработат уште 50 лица со статус деца без родители
Тетовец во Албанија пукал во девојката, па се самоубил
Обама годинава летниот одмор го минува без ќерките
Крводарителска акција по повод Денот на АРМ
Сараќини - Трговскиот дефицит ќе се намали
(ФОТО) Египет во хаос, над 525 загинати во судирите
Експлозија на цистерни со гас во Бугарија, 11 повредени
Парнарџиева Змејкова се врака во ФЗО
Двајца новинари убиени во судирите во Каиро
Џозеф - За Атина кризата е посериозно прашање од името
Насилството во Египет не стивнува, досега загинаа најмалку 278 лица
Сараќини - Искористени се 78 милиони евра од ЕИБ
Лозарите бараат повисоки цени за грозјето
Судот не му поверува на Субрата Рој дека ќе го плати долгот
Пензионираните генерали на средба со Котевски и Џафери
Француските фирми се селат во Швајцарија
Логистички центар се гради во зоната Чојлија
Еден заг��нат во сообраќајка во Струмичко
Божидар Димитров - Мечот Македонија - Бугарија е од „домашна“ лига
Има жртви во потонатата индиска подморница
На плантажите со марихуана во Лазарет уапсени 58 лица
Албанија го блокира увозот на месо од Косово
Каиро се „чисти“ од демонстранти, најмалку 19 загинати

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Понеделник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Внимателно во базен - Секогаш е можна инфекција
Многумина сметаат дека разладувањето и пливањето е најдобар спас за жешките денови, но внимавајте на можните инфекции и ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |