15.08.2013, 12:07 Експлозија на цистерни со гас во Бугарија, 11 повредени
Девет лица од 11 повредените во вчерашната експлозија на цистерни со гас во бугарското село Езерово се хоспитализирани во Варна, соопшти Военомедицинската академија.
Инцидентот се случил кога се запалила железничка композиција со цистерни натоварени со пропан-бутан во индустрискиот комплекс во селото Езерово. Гасот се запалил кога пропан-бутанот се претоварал о�� железничките во автоцистерните.
За гаснење на пожарот биле ангажирани пет пожарникарски екипи.
Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила поради техничка неисправност на цистерна. |