15.08.2013, 10:07 Двајца новинари убиени во судирите во Каиро
Двајца новинари синоќа беа убиени во египетската престолнина Каиро при задушување на протестите на приврзениците на соборениот египетски претседател Мухамед Морси од страна на силите за безбедност, пренесоа британските медиуми.
Убиени се Мајкл Даглас (61), камерман на британската телевизија „Скај њуз“, и 26-годишната Хабиба Ахмед Абд Елазиз, дописник неделникот „Експрес“ од Дубаи.
Даглас бил застрелан додека ја снимал операцијата на расчистување на камповите на приврзениците на Морси во Каоро.
Даглас работел за „Скај њуз“ 15 години, првично бил стациониран во Вашингтон, а потоа и во Ерусалим.
Абд Елазиз, која е Египѓанка, била на одмор.
Фотограф на Ројтерс бил застрелан во нога, додека го снимал насилството, и веднаш бил префрлен во болница.
|