14.08.2013, 11:10 На плантажите со марихуана во Лазарет уапсени 58 лица
Полицијата во Албанија уапсила 58 лица, кои работеле на плантажите со марихуана во селото Лазрат, пренесе АТА.
Властите конфискувале уште и камиони со приколки и цистерни.
Жителите на селото Лазарат, познато по производството на марихуана, годишно од шверцот со наркотоци заработувале неверојатни 4,5 милијарди евра.
Според властите, марихуаната во Лазарат се одгледува на секое парче земјоделска земја, па дури и во дворовите на куќите.
При секој обид на полицијата да се интервенира селаните одговараат со оружје. |