16.08.2013, 15:12 Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
Во јуни годинава, во споредба со јуни минатата година, статистиката евидентира намалување на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун и тоа за 19,1 процент. Пад на прометот има и кај непрехранбени продукти, освен гориво за 10,6 проценти. Помал промет и тоа за 14,3 проценти е регистриран и во групата трговија на мало, освен трговија со горива.
Во трговијата на мало, во јуни годинава, во споредба со јуни лани, пораст на прометот е забележан во групата трговија на мало со автомобилски горива.(Ек.Р.) |