Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Фељтон Саботен магазин
Политика
16.08.2013, 18:53

Србија става рампа за македонските производи

Сите продукти што потекнуваат од нашата земја од викендов детално ќе се прегледуваат на границата

Сања Наумовска

Србија воведува контрамерки при увозот на производи од Македонија, како одговор на забраната за увоз на пченица и брашно. Сета стока која потекнува од нашата земја, од викендов детално ќе се прегледува на границата со северниот сосед, пишува белградскиот весник „Политика“, кој се повикува на извори од Владата на Србија.

Овие најави вчера не беа причина за реакција од домашното Министерство за земјоделство. Молкот од домашните институции на оваа тема трае веќе извесно време, а во последните изјави кон крајот на минатиот месец, министерот Љупчо Димовски тврдеше дека забраната за увоз ќе трае како што беше првично предвидено, до крајот на годината, односно, мерката ќе се укине кога ќе се стабилизира пазарот.

Иако најавуваше целосна блокада само за одредени македонски производи, Србија се одлучи за драстично засилени контроли на сите прехранбени и земјоделски производи кои се увезуваат од Македонија. Тоа, се очекува да го искомплицира и да го отежне увозот на стоки од нашата земја. Најмногу ќе настрадаат јаболката, доматите, грозјето, виното и колбасите, кои покрај лековите и цевките, се меѓу најизвезуваните производи од Македонија во Србија.

Засега само контролите ќе бидат одговор на неповлекувањето од македонската страна на одредбата за условен увоз на пченица и на брашно, која иако важи за сите земји од ЦЕФТА, најмногу ја погодува Србија.

Иако одлуката засега не ја потврдува ниту една надлежна институција во Србија, „Политика“ се повикува на изјава на заменик-министерот за внатрешна и надворешна трговија Бојана Тодоровиќ, која вели дека подолг период траат консултациите какви мерки да се преземат против Македонија. Според „Политика“, Македонија, не го испочитувала договорот кој го постигнале српскиот потпретседател на владата Расим Љајиќ и македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски, нашата земја да ја укине одредбата за забрана за увоз на пченица, па одговорот на Србија бил неопходен.

„Македонија не ја повлече мерката, ниту пак има таква намера. Иако за тоа не постоеше прецизно утврден рок, ни беше ветено дека тоа ќе биде сторено во некој разумно време. Ние сметаме дека тоа е средината на месецов“, вели Тодоровиќ и додава дека ЦЕФТА, чии членки се и двете земји, предвидува засегнатата земја во вакви ситуации да воведе мерки како одговор.

Проблем, вели српската заменик-министерка, е што доколку Србија се одлучи на чекорот да го ограничи увозот на производи од Македонија, таа одлука ќе се однесува на производите од сите членки на ЦЕФТА, како што и забраната на увоз на пченица во Македонија се однесува на сите земји, а не само на Србија, иако оваа земја е најмногу погодена.

Во ЦЕФТА договорот за слободна трговија, освен Македонија и Србија, членуваат и Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Молдавија. Северниот сосед е втор по големина трговски партнер на Македонија, а според податоците од Државниот завод за статистика вкупната размена на стока во 2012 година меѓу двете земји достигнала 789 милиони долари. Македонија увезла производи од Србија за 490 милиони долари, а извезла 298,8 милиони долари. Најмногу, нашата земја купила производи од железо, струја, пченка, сончогледово масло, брашно, безалкохолни пијалоци, пченица, цигари, млеко и млечни производи.


Статијата е прочитана 3734 пати.


Испрати коментар



Матурантите сакаат да станат академци
Вложувањето во АРМ е влог во безбедноста
Во Охрид едни алармираат, други смируваат
Граѓаните им веруваат на институциите
Обвинение и нов притвор за ексразузнавачот Слободан Богоевски
На Иванов не му треба советник за безбедносни прашања
Реакција од СДСМ
УНЕСКО е загрижен, дали сме и ние
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Четврта Школа за млади лидери кај Иванов
(ФОТО) Македонија го одбележува Денот на АРМ



jovan, 17.08.2013 00:11:08
Ova e samo opomena i revolt. Vo sustina i nema sto da prevzemat. Makedonija donela odluka da moze da se uveze pcenica/brasno pod uslov predhodno da se otkupi odredena kolicina domasno, i toa vazi za site Makedonski firmi bez razlika od kade uvezuvaat, dodeka Srbija saka da vovede nekoja merka striktno protiv Makedonski proizvodi, a nemoze. Taka da, se ke se resi so tek na vreme, i nema potreba od pravenje zastoj na granica. Toa ne odgovara ni za Makedon.firmi ni za Srpskite. Ist/slicen problem Srbija ima i so Bosna(okolu pivoto), no i tamu ne mozat nisto, bidejki i tie merki ne se *specijalno* protiv Srbija, nego se opsti i vazat za sekoe uvezeno pivo. No vo sekoj slucaj i Srbija saka da si gi zastiti svojte interesi, no ova ne im e nacin. Za nas povazno e da doznaeme dali Vladat im obekala ukinuvanje, ili pa ministerot na Zingo na svoja raka(po naredba na gazdata) im obekaval na Srbite deka ke im*zavrsi rabota*. Toa, barem za mene, e mnogu povazno.
Владе, 17.08.2013 07:06:27
Србија нема да се осмели да оди понатаму бидејќи не смеат да си дозволат во овој момент да се изложат на меѓународни судови и арбитражи. Мерките од македонска страна не се насочени против Србија, а од друга страна србите не би сакале да се доведат во позиција да објаснуваат како ги постигнуваат цените со кои пченицата и брашното влегуваат во Македонија
citatel, 17.08.2013 07:16:31
Jovane, mnogu cesni izjavi, Makedonija ima pravo da si gi stiti interesite a Srbija nema, taa ucenuva sto bi rekol Sarakini
Ljubotan Trade Name, 17.08.2013 07:25:55
Na site Makedonski Agro Produkti, zivotniot vek i e, samo par Nedeli il meseci ,a na Zitoto i Brasnoto so par godini. Edniot ima rogovi za dve godini ,a Makedonija samo do dva meseci . Zitoto moze i da Priceka,ama Domatite i Grozjeto? Evropa ne e Solucija-resenie. Italija i Spanija go kontroliraat toj Pazar-market! Jas ova go psav, predi par nedeli,ama nikoj ne se ni posteno Osvrnde ;A,Ministerot vo ovoj slucaj ne e agronom!
saso, 17.08.2013 08:43:48
Citam komentar na tekstov i se cudam kolkava samobendisanost ima kaj ovoj jaden nas narod Makedonski. Dogovor si e dogovor, megju dve drzavi narecen e bilateralen,megju povekje multilateralen,bilo da e toj trgovski ili politicki. Ova ne se odnosi megju pozicija i opozicija, pa ajde nie na vlast kako fraeri kje go izigrame dogovorot so opozicijava zosto ni se moze ili taka sakame. Kako primer,sto moze Srbija da vozvrati e prvo i najstrasno da zabrani izvoz na makedonski proizvodi preku nea vo Rusija, bideejki Srbija ima povlasten trgovski status,a nie nemame. Kje nastrada se,osobeno zemjodelskte proizvodi,posebno jabolkata. Vtoro, moze da vovede zabrana za uvoz na domati i piperki od Makedonija,vremeno do nova godina dodeka ne se otkupat site kolicini osobeno onie od juzniot del kade ima hiperprodukcija pa tek potoa kje vidime kako kje zavrsat nasite piperki i domati. Zatoa ve molam, so ladni glavi i trezveno.
Влада да разбере: решение за името не постои, 17.08.2013 10:45:42
Влада треба да разбере дека решение за името не постои. Ние сме под БЈРМ, а на Грците БЈРМ им идеалнао одговара. Единсвено останува да се примени стратегијата на И. Ј.
od osrijot, 17.08.2013 11:35:08
nije sami sigi krevame nozete nikoj nenie vinoven na krajot ke bide posakala suta rogove ostanala i bez usi.
riki, 17.08.2013 16:35:02
bez razlika za shto se odnesuva,dali e nadvoreshnata politika,vnatreshnata,pa ekonomijata,ednostavno negativnite trendovi prodolzuvaat.koj e kriv se znae.ovaa vlada raboti improvizirano.ne ni cudno koga nemaat nikakvo iskustvo.ne velam slucajno.ako go zememe prosekot na starost na ministrite ke vidime deka skoro site se deca.a so deca*ne se srka matenica*
участокот, 17.08.2013 16:50:10
ова не се никакви мерки туку контрола; но ако има претерување во контролите да им се врати со ист аршин кон нивните производи. Всушност во ред е Србија да направи мерки во некоја област, н.пр. увоз на домати, парлиџан и друго каде ќе го услови увозопт со откуп на домашни производи. Но не се кадри да го сторат тоа бидејќи домашното производство им е слабо и ќе имаат несташица
Трпе, 18.08.2013 01:27:06
Деца кои патат од комплекси не треба да им се дозволува да си играт власт,штетно им е по здравјето и прават проблеми и на другите.Тие со тек на време стануват агресивни и не се дружелубиви.За секоја направена белја се некој друг им е крив.
B D, 18.08.2013 10:20:02
Bravo za Srbija Makedonija so godini imase blokada od Grcija I ni ednas ne im tekna MAkedoncite da ne kupuvaat proizvodi so poteklo od GRcija

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 35°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |