19.08.2013, 12:18 Купил сеф, пронашол 136 килограми марихуана
Челичниот сеф, тежок речиси 500 килограми, е произведен во Мексико, а бил испорачан на 19 јуни на клинет во Охајо
Еден маж во американската сојузна држава Охајо пронајде скоро 136 килограми марихуана скриена во сефот кој неодамна го купил преку интернет, соо��штија денеска американските власти.
Челичниот сеф, тежок речиси 500 килограми, е произведен во мексиканскиот град Ногалес, а бил испорачан на 19 јуни на клинет во западниот дел на Охајо. Купувачот во сефот нашол 136 килограми марихуана, чија вредност на наркопазарот се проценува на 420.000 долари.
- Камионот, со кој е транспортиран сеф од Мексико до магацин на компанијата „Чемпион“ во близина на градот Менсфилд во Охајо се наоѓаат уште 25 до 30 сефови, но во нив немаше дрога, соопштија локалните власти.
Властите не сакаат да го објават името на човекот, кој го купил сефот за во него да чува пиштол, од причина за негова лична безбедност.
Возачот кој го испорачал сефот е ослбоден од секое сомнение дека е вмешан во шверцот со дрога, но возачот кој ја транспортирал испораката од Мексико до Охајо исчезнал и полицијата не може да го најде. |