16.08.2013, 13:11 Илјадници се собраа на бдеење во Грејсленд
Обожавателите на Елвис Присли и годинава му оддадоа почит на неговиот гроб во Мемфис
Обожавателите на Елвис Присли од целиот свет се собраа на годишното бдеење во Грејсленд за да оддадат почит на иконата на роке'ене' ролот Елвис Присли по повод 36-годишнината од неговата смрт.
Илјадници фанови со запалени свеќи синоќа во тишина одеа низ Градината за медитација во Грејсленд, домот на Присли во Мемфис. Во градината се наоѓа неговиот гроб, како и гробовите на неговите мајка, татко и баба.
Секоја година обожавателите на музиката и филмовите на Присли доаѓаат во Мемфис на Елвисова недела, еднонеделна прослава на неговиот живот и кариера. Присли почина на 16 август 1977 од срцев удар.
Бдеењата почнаа како неофицијални собири една година после неговата смрт, за подоцна да прејдат во голем туристички настан. |