12.08.2013, 13:16 Викторија Бекам: Работам откако ќе заспијат децата
Таа и Дејвид се во брак се од 4 јули 1999 година и имаат четири деца - синовите Бруклин (14), Ромео (10), Круз (8) и ќерката Харпер (2)
„Мојот живот не е секогаш така гламурозен. Наместо одењето во луксузни ресторани, повеќе би останала дома со семејството како повеќето родители. Кога децата најпосле ќе легнат во кревет, јас тогаш работам. Ставам маска на лице или ги обликувам веѓите. Навистина, ние сме многу понормални отколку што луѓето мислат“, вели Викторија Бекам (39) во интервју за новиот број на „Вог“. Бекам ја отвори душата и отворено проговори за нејзиното семејство и животот со Дејвид Бекам со кого има четири деца.
„Сите сме горди на Дејвид. Го поддржувавме последните 15 години кога играше и гледавме како беше инспирација на многу деца ширум светот. Сега, кога е во пензија среќни сме затоа што можеме повеќе време да бидеме заедно“, вели Викторија.
Таа и Дејвид се во брак се од 4 јули 1999 година и имаат четири деца - синовите Бруклин (14), Ромео (10), Круз(8) и ќерката Харпер (2). Поранешна членка на бендот „Спајс грлс“ во последно време се занимава со кариера на луксузна облека. Викторија е икона на модниот свет и единствена славна личност која во една година беше на три различни насловни страници на „Вог“. |