14.08.2013, 11:44 Ибрахимовиќ: „До крај ќе го испочитувам договорот“
Шпекулациите за наводното раскинување на неговиот договор со ПСЖ се појавија по новото засилување во францускиот тим со Едисон Кавани
Иако и понатаму актуелна тема е заминувањето на Златан Ибрахи��овиќ од ПСЖ, сепак тој ги отфрла сите шпекулации. Причината за наводното раскинување на договорот со францускиот тим е новото засилување напаѓачот на Наполи Едисон Кавани.
Откако ПСЖ првенството го започна со реми, а Кавани поголем дел од мечот го мина на клупата, тогаш Ибрахимовиќ коментираше: „Ќе играм додека можам, додека сум физички и псишички подготвен. Со ПСЖ имам договор уште две години и тие сигурно ќе ги одработам и испочитувам“, изјави 31-годишниот Ибрахимовиќ кој во ПСЖ е од 2012 година. |