18.08.2013, 16:53 Неда Украден ќе ја забавува „фалангата“
Домаќинот на Евробаскетот ги откри плановите за фан-зоните. Цената на пивото ќе се движи од 2 до 2,5 евра, без алкохолните пијалаци ќе чинат 1,70 евра
Локалниот организациски комитет (ЛОК) на Евробаскетот 2013 ги откри плановите за фан-зони��е во четирите градови домаќините (Јесенице, Целје, Копер, Љубљана) на претстојните мечеви од групната фаза.
Фан-зоните ќе бидат отворени од 11 часот наутро до полноќ секој ден, со можност за продолжување на работното време доколку го дозволи тоа локалната општина.
Она што е интересно е дека македонската фаланга во Јесенице - градот каде што македонските кошаркари ќе ги играат мечевите од првата рунда ќе ги забавува голем број словенечки ѕвезди, а гостинка ќе биде и пејачката Неда Украден. Кој се' ќе биде присутен во овој град ќе биде познато за неколку дена, за кога се очекува да биде објавена програмата за секој град поединечно.
Од ЛОК на официјална прес-конференција ги објавија цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци. Цената на пивото ќе се движи од 2 до 2,5 евра (од 120 до 150 денари), а додека без алкохолните пијалаци ќе чинат 1,70 евра (околу 104 денари). Во делот на храна домаќинот на посетителите го препорачува познатиот крањски колбас, кој ќе го има во сите фан-зони.
Словенците како вистински домаќини заедно со спонзорите на Европското првенство сакаат на сите оние што нема да имаат билет за мечевите во фан-зоните да се чувствуваат исто како да се во сала.
„Наша цел не е само да ги привлечеме само фановите на кошарката, во фан-зоните сакаме да дојдат и останатите луѓе“, велат од ЛОК. (М.К.) |