19.08.2013, 13:43 Кривични пријави за четири естрадни уметнички во Велешта
Четири странски државјанки се затекнати со непријавен престој во струшкото село Велешта при акцијата што викендов ја реализираа полициските службеници од СВР Охрид и граничната полиција од регионалниот центар Запад.
СВР Охрид денеска соопшти дека И.Б. (24) А.И. (27) М.Б. (30) од Република Албанија и М.С. (34) од Косово се затекнати во хотелот „Јони“ во Велешта по што, согласно Законот за ��транци, им е поднесена прекршочна пријава.
Изречена им е парична казна од 300 евра и забрана за влез во Република Македонија во период од шест месеци до една година. Странските државјанки во хотелот извесно време работеле како естрадни уметнички и имале нелегален престој со што извршиле злоупотреба на туристичкиот престој во државата за нелегална работа, стои во соопштението.
Таква акција, како што информира СВР Охрид, била реализирана и минатиот викенд во Кичево кога при контрола на угостителскиот објект „Стара централа“ со нелегален престој и нелегална работа биле затекнати две државјанки од Република Србија. По поднесената прекршочна пријава им била изречена парична казна и забрана за влез во Република Македонија за време од една година.
Охридската полиција во координација со Инспекторатот за животна средина викендов извршила контроли и низ угостителските објекти во Охрид, каде не биле констатирани прекршоци за гласна музика, присуство на малолетници во локалите и точење алкохол на малолетни лица.
|