19.08.2013, 11:05 Москва ја сака базата „Андреас Папандреу“ на Кипар
Руската Влада доставила до Никозија официјално барање за користење на авиобазата „Андреас Папандреу“ на островот Кипар.
Весникот „Политис“ објави дека министерот за одбрана Фотис Фотиу го информирал министерскиот совет на Кипар за посетата во мај во Москва.
Според медиумот, министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу поставил пред Фотиу прашање за обезбедувањ�� олеснувања од Кипар и поконкретно за впловување на руски воени бродови, за користење на инфраструктурата на островот за обезбедување на бродови и за извршување на смена на екипажите.
Руската страна побарала и авиобазата Папандреу да се користи од авиони на цивилната авијација на Руската федерација.
Министерството за надворешни работи на Кипар било воздржано за тие барања и му доставиле свои ставови на претседателот на државата. Весникот тврди дека тоа прашање ќе биде разгледано за време на посетата на кипарскиот претседател Никос Анастасијадис во Москва.
|