Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.08.2013, 20:37

Иванов: Ќе дојде денот на признание - членството во НАТО

Честитајќи го 21. роденден на Армијата претседателот наведе дека треба да се преземат мерки за подобрување на животниот стандард на нејзините припадници

Горд сум на Армијата на Република Македонија, која по свој��та професионалност, посветеност и постигнати резултати, постојано ги надминува нашите очекувања и очекувањата на нашите НАТО пријатели, партнери и сојузници. Верувам дека ќе дојде денот кога кон успешното учество во мировните мисии и бројните индивидуални одличја ќе се придодаде и колективното признание кое сме го заслужиле – полноправното членство на Република Македонија во НАТО. Стремеж што ги сплотува сите наши граѓани, независно од етничката, верската или која било друга припадност. Ќе продолжиме да ги споделуваме одговорностите со нашите сојузници, и покрај тоа што не ги чувствуваме придобивките од полноправното членство.

Ова го истакна претседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Мзкедонија Ѓорге Иванов во своето обраќање на централната свеченост по повод роденденот на АРМ - 18 Август, што се одржа пред зградата на МО и ГШ на АРМ.

Тој подвлече дека нашата Армија е ценет и посакуван партнер на Алијансата, што цврсто ги брани споделените вредности – мирот, слободата и демократијата, за што, вели, сведочи доследното учество и бројните успешни ротации во мировните мисии: ИСАФ, ЕУЛЕКС и УНИФИЛ, вклученоста во воените вежби каде нејзнините припадници редовно се меѓу најистакнатите учесници, како и врвните признанија и одликувања за македонските мировници доделени од многу политички и воени лидери во светот.

Шефот на држвата нагласи дека тајната на успехот на Армијата е посветеноста кон реформите кои се прават за интероперабилност со структурите кон кои се стремиме, а кои пред сe, вели, ги правиме за нас самите, за нашата безбедност и укажа на потребата од нивно продолжување, но и од вложувања во Армијата.

- Треба да сме свесни дека без континуирано вложување во Армијата, стекнатата реформска кондиција може лесно да се изгуби. Како што вооружените сили имаат уставна обврска да го штитат територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија, така и сите ние имаме обврска да им обезбедиме подобри услови на оние кои нe чуваат нас и нашите деца. Како врховен командант на вооружените сили, цврсто сум уверен дека институциите во РМ надлежни за обезбедување финансиски средства, треба да преземат одредени мерки за подобрување на животниот стандард на припадниците на нашата Армија, рече Иванов честитајќи им го 21. роденден, им честитам на сите припадници на Армијата на Република Македонија, на сите унапредени и новопоставени старешини, војници и цивилни лица на служба во Армијата на Република Македонија.

На свеченоста се обрати и министерот за одбрана Талат Џафери, кој се осврна на историјатот на АРМ како наследничка на баталјонот „Мирче Ацев“ од НОВ, но и на нејзината примарна мисија во заштитата и одбраната на независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Со долгогогодишниот успешен придонес во градење на регионалниот и светски мир и безбедност преку учеството во меѓународните мисии АРМ придинесува и за ефективна промоција на националните интереси на државата.

- Армијата стрпливо ја градиме 21 година како вооружена сила на сите граѓани на РМ и како институција во која се пресликува мултиетничката и мултикултурната структура на општеството. Денес АРМ е професионална војска составена од добро подготвени мажи жени, целосно посветени на одбраната и безбедноста на РМ и промоцијата на нејзините интереси. Силите се пополнети на ниво од 90 проценти, од кои 27 отсто се припадници од немнозинските заедници. Додека учеството на жените достигнува околу 10 проценти. Воедно, денес Армијата е модерно организирана вооружена сила со значајно поголеми интероперативни капациети и способности, но и со зголемени потреби за современа воена опрема, рече Џафери.

Со свое учество од преку 3.200 воен персонал во меѓународните мисии за поддршка на мирот, РМ, додаде, се потврди како одговорен члена на меѓународната заедница која обезбедува значаен придонес во градењето на мирот и стабилноста во евроатлантската област и пошироко.

Џафери подвлече дека досегашните постигнувања и резултати на АРМ сами по себе претставуваат обврска за Владата и другите државни институции повеќе да инвестираат во развојот на воените способноси и капацитети на АРМ. Тој предизвик е уште поголем кога процесот на модернизација треба да се направи во услови на економска криза, рече, и се осврна на реформите кои се во тек и ќе следат за опремувањето на АРМ.

- На АРМ на РМ и се неопходни современи оклопни транспртери, радари, транспортни возила, комуникациска опрем��, хеликоптери,..... Како МО имаме обврска да ги фокусираме расположивите ресурси кон исполнување на приоритените потреби и користејќи ги меѓуанродните иницијативи за националните ресурси, како што е концептопт на НАТО за паметна опрема, истакна Џафери.

Министерот за одбрана го подвлече и значењето на образованието и обуката за воениот и цивилниот персонал на МО и АРМ, за улогата на Воената академија во тој контекст и соработкаат со другите државни високошколски установи. Се осврна и на потребата од подобрување на станбените услови, на условите за работа и на платите на вработените во одбраната и во АРМ преку реализацијата на проектите на Владата и МО кои ќе придонесат за тоа.

Официјалното чествување на Денот на АРМ на кое присуствуваа претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, министри во Владата, пратеници во Собранието, поранешни министри за одбрана и началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, високи гости од повеќе институции, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, заврши со посна стрелба на 10-те плотуни од 12 артилериски орудија од касарната „Илинден“.


Статијата е прочитана 767 пати.


Испрати коментар



Петок краен рок за деблокирање на Комисијата
Мубарак наскоро на слобода?
Се забранува групирање во набавките во здравството
На Писториус ќе му се суди за убиство
Заложничка драма во Инголштат, Меркел ја откажа посетата
Аврамопулос - Скопје го намали влијанието на Грција
Ќе се бара нова фирма за барокот на „Водовод“
Обновени пешачки премини за побезбедни училишта
За притисоците врз Македонците - казна од 430 евра
Скопска фирма увезла гас без да плати 90.000 евра царина
Јанкулоска - Обезбедени се докази за десетмината од „Пошта“
Иванов - На Македонија и требаат луѓе кои знаат да водат
Кривични пријави за четири естрадни уметнички во Велешта
Единаесет повредени при експлозија во кинески ресторан во Софија
Двајца повредени при судир на воз и автомобил во Велес
Москва ја сака базата „Андреас Папандреу“ на Кипар
Состојбите во Европа и ЕУ на средбата Иванов - Клаус
(ФОТО) Скопјанец изгоре во пожар во сопствениот дом
Вонредна средба на ЕУ за Египет
Четвртата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Ел Барадеј го напушти Каиро, замина во Виена
Во „Пошта“ разбојниците влегувале како дома
Забрана за „Муслиманското братство“?
ЈСП ќе отвора музеј на автобуси
Германски „Лидл“ влегува во Србија
Становите во Реонски центар „Аеродром“ чинат 795 евра квадрат
Ставрески во септември ќе пресече за ребаланс на Буџетот
Претепан маж во кафеана во Кисела Вода
Естонци во Скопје фатени при кражба на гориво
Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градовите
Рохани - На Иран му треба нова надворешна политика
Лазарат се минира, жителите ќе ја бранат марихуана
Осуммина вработени во Пошта приведени за грабежот во Чаир
Инвестиција од автоиндустријата во Кичево
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара ребаланс на буџетот на Центар
Египет ја отвори Пандорината кутија
Груевски - Извештајот за 24 декември е речиси готов
Кравите виновни за рестрикциите на струја
Запленети 540 стебла марихуана во Малина Маала
Германија повикува да се заштитат христијаните во Египет
Турција демантира дека регрутира Албанци за Сирија
Четитка од претседателот Иванов за Денот на АРМ
(ФОТО) Свечености за АРМ на плоштад „Македонија“
Писториус обвинет за убиство со предумисла
И Институтот за стандардизација ќе издава сертификати за ИСО-стандарди
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Жерновски - Општината и Министерството за култура работеле незаконски на „Скопје 2014“
Водовод aпелира да не се кршат јавните чешми
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
ГТЦ со месечна добивка од околу 1.100 евра
НАТО нема да се меша во ��гипет



pile, 18.08.2013 10:18:29
Sreken praznik na pripadnicite na Armijata na Gorna-Republika Makedonija.So nivnoto ucestvo vo megjunarodnite misii kako del od svetata NATO misija za vospostavuvanje na mir i demokratija vo svetski ramki, kako najgolemi Makedonski ambasadori gi ispolnuvaat voenite, koi se i najgolemiot del od obvrskite za polnopravno clenstvo na zemjata vo NATO Alijansata, za razlika od politicarite koi neuspevaat i daleku pomaliot politicki del da go uspolnat na nacinot na vodenje kako na nadvoresnata taka i na vnatresnata politika.Pretsedatelot na Drzjavata G-din Gj.Ivanov treba da se odvazji i jasno i nedvosmisleno da kazje deka politickite uslovi, vladeenje na pravoto, slobodata na mediumite, politickite progoni kasko i resenieto na tazlikite za imeto so sosedna Grcija se precka za polnopravno clenstvo vo NATO, i deka vlezot vo Alijansata so ovaa vladeacka garnitura e nevozmozjen.Tuku naprotiv, postoi mozjnost na Samitot na NATO vo 20014 godina, zaklucokot za G-R.Makedonija da bide dopolnet so sp
od osrijot, 18.08.2013 12:24:03
ah be george se dodeka si ti predsedatel i tvojot sef premijer nema nisto od toa.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |