Обвинителството денеска соопшти дека против јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус ќе биде подигнато обвинение за убиство со предумисла на девојката Рива Стенкемп.
Обвинението ќе биде прочитано в понеделни��, а судењето е предвидено за почетокот на 2014 година.
Писториус (26) е обвинет дека ја убил својата девојка Рива Стенкемп во својата куќа во Преторија со огнено оружје во утринските часови на 14 февруари. За такво убиство предвидена е доживотна затворска казна.