Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.08.2013, 09:44

Свечености за Денот на АРМ

Со низа манифестации денеска ќе биде одбележан 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија

Со свечено постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје и концерт на воениот оркестар на плоштадот „Македонија“ денеска ќе се одбележи 18 Август – Денот на АРМ.

На свеченоста пред МО и ГШ на АРМ, ќе се обрати началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а ќе присуствуваат министерот за одбрана Талат Џафери, заменик - министерот за одбрана Емил Димитриев, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ и вработените во МО и ГШ на АРМ.

Како што е најавено, на свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, врачување на плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ.

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје во рамки на програмата за одбележување на Денот на АРМ, ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ. Изложбата ќе ја посетат министерот Џафери и началникот на ГШ на АРМ, Котески.

Тактичко-техничкиот збор ќе можат да го посетат граѓаните на Скопје и Република Македонија, на 17-август, каде покрај материјално-техничките средства и борбените возила и вооружувањето на АРМ, ќе биде прикажан и борбениот хеликоптер Ми-24.

Изложба на вооружувањето и опремата ќе биде организирана и во касарните на АРМ во Куманово, Петровец, Штип, Прилеп и Кичево, каде во текот на денот, граѓаните ќе можат да ја посетат изложбата и да се дружат со припадниците на АРМ.

Прв пат оваа година на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 19:00 часот ќе се организира концерт на воениот оркестар. На концертот покрај Воениот оркестар ќе настапат и естрадните уметници Драган Мијалковски, Есма Реџепова Теодосиевска, Мустафа Имери и Блага Петреска. Програмата ќе биде збогатена и со настапот на фолклорната група на Детскиот културен центар ,,Карпош“ од Скопје, а настап ќе имаат и припадниците на баталјонот за почести на АРМ, кои ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“ со која ќе ги демонстрираат нивните вештини и строева извежбаност во работа со пушка.


Статијата е прочитана 242 пати.


Испрати коментар



Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градовите
Рохани - На Иран му треба нова надворешна политика
Иванов - Ќе дојде денот на признание - членството во НАТО
Лазарат се минира, жителите ќе ја бранат марихуана
Осуммина вработени во Пошта приведени за грабежот во Чаир
Инвестиција од автоиндустријата во Кичево
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара ребаланс на буџетот на Центар
Египет ја отвори Пандорината кутија
Груевски - Извештајот за 24 декември е речиси готов
Кравите виновни за рестрикциите на струја
Запленети 540 стебла марихуана во Малина Маала
Германија повикува да се заштитат христијаните во Египет
Турција демантира дека регрутира Албанци за Сирија
Четитка од претседателот Иванов за Денот на АРМ
(ФОТО) Свечености за АРМ на плоштад „Македонија“
Писториус обвинет за убиство со предумисла
И Институтот за стандардизација ќе издава сертификати за ИСО-стандарди
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Жерновски - Општината и Министерството за култура работеле незаконски на „Скопје 2014“
Водовод aпелира да не се кршат јавните чешми
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
ГТЦ со месечна добивка од околу 1.100 евра
НАТО нема да се меша во Египет
(ФОТО) Реонски центар „Аеродром“ ќе добие нова инфраструктура
Четврта Школа за млади лидери кај Иванов
(ФОТО) Македонија го одбележува Денот на АРМ
Почина „адвокатот на ѓаволот“
Турција и Египет ги повлекоа своите амбасадори на консултации
Изгаснат пожарот во магацин за шеќер и масло во Глумово
„Вашингтон пост“ објави извештај од Сноуден за работата на НСА
СБ повика да престане насилството во Египет
Итна седница на Советот за безбедност за Египет
Почнаа уписите на државните универзитети
Јакнење на капацитети во енергетиката
УНЕСКО испраќа комисија да види што се случува во Охрид
Зголемен прометот во индустријата
(ФОТО) Обама од Кенија ја виде Македонија
Албанците за Сирија заминуваат преку Турција
Ќе се вработат уште 50 лица со статус деца без родители
Тетовец во Албанија пукал во девојката, па се самоубил
Обама годинава летниот одмор го минува без ќерките
Крводарителска акција по повод Денот на АРМ
Сараќини - Трговскиот дефицит ќе се намали
(ФОТО) Египет во хаос, над 525 загинати во судирите



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Столот број 14: на него седеа милиони

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |