15.08.2013, 13:37 Сараќини: Трговскиот дефицит ќе се намали
Министерот за еконимија очекува европските компании да ги активираат нарачките, со што ќе се зголеми домашното производство и извозот
Во втората половина од годинава се очекува подобрување на економската состојба во државата, европските компании ќе ги активираат нарачките, со што ќе се зголемат домашното производство и извозот, а ќе се намали трговскиот дефицит. Според министерот за економија Ваљон Сараќини, Владата континуирано презема мерки за поддршка на бизнис секторот.
„Само во Министерството за економија има пет програми за поддршка на малите и средните претпријатија, но исклучително ефективни се покажаа и евтините кредитини линии од Евроспката инвестициска банка од кои досега се искористени 78 милиони евра“, истакна тој.
Според него, Македонија нема трговски проблеми со Косово, успеа да го пролонгира за три месеци воведувањето на административните такси за превозниците. Договори во овој сегмент, како што рече Сараќини, постојат од двете страни, но претстои нивно усогласување. (Ек.Р.) |