15.08.2013, 14:26 Обама годинава летниот одмор го минува без ќерките
Годинава претседателот на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел, летниот одмор го минуваат без своите ќерки Малија и Саша, пренесуваат американските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на Белата куќа Џошуа Барнест.
Девојчињата се наоѓаат на одмор во еден таен камп. Подоцна тие сепак ќе им се придружат на своите родители, но Барнест не прецизира кога.
Малија (15) и 12-годишната Саша стануваат се понезависни од своите родители, јавуваат медиумите.
Од сабота Барак и Мишел Обама се наоѓаат во луксузниот остров Мартас Винард, крај брегот на Масачусетс, каде традиционално ги минуваат летните одмори.
Предвидено е Барак Обама да се врати во Вашингтон во недела.
До сега одморот на Обама минува вообичаено, во повеќечасовно играње голф. Во неделата Белата куќа ги изненада репортерите и фотографите, одобрувајќи им нешто невообичаено - да го набљудуваат првиот удар на претседателот.
|