Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.08.2013, 13:24

ФОТО: Египет во хаос, над 525 загинати во судирите

Во земјата е воведена вонредна состојба, а потпретседателот Мохамед Ел Барадеј си поднесе оставка

Билансот на загинатите во вчерашните судири во Египет достигна 525 лица, изјави портпаролот на египетското Министерство за здравство, Халед ал Хатиб.

На цела територија на Египет регистрирани се 3.572 повредени лица. Приближно 200 луѓе загинаа на плоштадите во Каиро „Ан Нахда“ и „Рабија ел Адавија“, каде протестираа привразниците на соборениот претседател Мохамед Морси, кој беше уапсен на 3 јули од страна на армијата.

Египетската Влада соопшти и дека на неопределено време го затворила контролниот пункт на границата со Појасот Газа поради насилството.



Стотици палестински работници секојдневно поминуваат низ контролниот пункт Рафах на Синајскиот Полуотров.

Од вчера во сила е вонредна состојба, откако двата протестни кампови во Каиро беа целосно уништени, додека полицискиот час е во сила од 19 до 6 часот наутро по локално време.

Бројот на жртвите во вчерашните судири се разликува во зависност од изворот, па така „Муслиманско братство“ тврди дека погинале 2.200 лица, а повеќе од 10.000 се ранети.



Двата протестни кампови во Каиро сега се под контрола на полицијата, од кои еден беше расчистен за еден час по стапувањето во сила на полицискиот час, што е воведен во поголемите градови, меѓу кои се Каиро, Александрија и Суец.

По крвавите настани потпретседателот Мохамед Ел Барадеј поднесе оставка, а во земјата е воведена вонредна состојба

Потпретседателот на Египет Мохамед Ел Барадеј поднесе денеска оставка заради несогласување со одлуката на властите насилно да ги урнат протестните кампови на приврзаниците на соборениот од власт претседател Мохамед Морси во Каиро, што предизвика крвави судири.

- Ми стана претешко и понатаму да носам одговорност за одлуки за кои не се согласувам и од чии последици стравувам. За жал, од денешните случувања профитираат само оние кои повикуваат на терор и насилства, а тоа се екстремистичките групи, наведува тој.

Вршителот на должност претседател Адли Мансур претходно воведе вонредна состојба во државата за еден месец и полициски час во 11 провинции од 19 часот по локално време до шест часот наутро.


Статијата е прочитана 1000 пати.


Испрати коментар



Пусториус обвинет за убиство со предумисла
И Институтот за стандардизација ќе издава сертификати за ИСО-стандарди
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Жерновски - Општината и Министерството за култура работеле незаконски на „Скопје 2014“
Водовод aпелира да не се кршат јавните чешми
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
ГТЦ со месечна добивка од околу 1.100 евра
НАТО нема да се меша во Египет
(ФОТО) Реонски центар „Аеродром“ ќе добие нова инфраструктура
Четврта Школа за млади лидери кај Иванов
(ФОТО) Македонија го одбележува Денот на АРМ
Почина „адвокатот на ѓаволот“
Турција и Египет ги повлекоа своите амбасадори на консултации
Изгаснат пожарот во магацин за шеќер и масло во Глумово
„Вашингтон пост“ објави извештај од Сноуден за работата на НСА
СБ повика да престане насилството во Египет
Свечености за Денот на АРМ
Итна седница на Советот за безбедност за Египет
Почнаа уписите на државните универзитети
Јакнење на капацитети во енергетиката
УНЕСКО испраќа комисија да види што се случува во Охрид
Зголемен прометот во индустријата
(ФОТО) Обама од Кенија ја виде Македонија
Албанците за Сирија заминуваат преку Турција
Ќе се вработат уште 50 лица со статус деца без родители
Тетовец во Албанија пукал во девојката, па се самоубил
Обама годинава летниот одмор го минува без ќерките
Крводарителска акција по повод Денот на АРМ
Сараќини - Трговскиот дефицит ќе се намали
Експлозија на цистерни со гас во Бугарија, 11 повредени
Парнарџиева Змејкова се врака во ФЗО
Двајца новинари убиени во судирите во Каиро
Џозеф - За Атина кризата е посериозно прашање од името
Насилството во Египет не стивнува, досега загинаа најмалку 278 лица
Во Египет вонредна состојба, најмалку 149 загинати во Каиро
Сараќини - Искористени се 78 милиони евра од ЕИБ
Лозарите бараат повисоки цени за грозјето
Судот не му поверува на Субрата Рој дека ќе го плати долгот
Пензионираните генерали на средба со Котевски и Џафе��и
Француските фирми се селат во Швајцарија
Логистички центар се гради во зоната Чојлија
Еден загинат во сообраќајка во Струмичко
Божидар Димитров - Мечот Македонија - Бугарија е од „домашна“ лига
Има жртви во потонатата индиска подморница
На плантажите со марихуана во Лазарет уапсени 58 лица
Албанија го блокира увозот на месо од Косово
Каиро се „чисти“ од демонстранти, најмалку 19 загинати



JAS, 15.08.2013 16:56:01
Cudno!!! Go nema Gorge da kaze deka naseto srce e so egipetskata vojska...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Понеделник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Внимателно во базен - Секогаш е можна инфекција
Многумина сметаат дека разладувањето и пливањето е најдобар спас за жешките денови, но внимавајте на можните инфекции и ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |