15.08.2013, 14:44 Тетовец во Албанија пукал во девојката, па се самоубил
Во хотел, во близина на германските вили во Тирана вчера трагично заврши љубовната врска меѓу двајца млади Албанци од Македонија и од Албанија. Станува збор за македонскиот државјанин А. Е. од Тетово, кој откако ја застрелал девојката А. С. (21) од Чоровода, се самоубил. Девојката добила лесни повреди и е надвор од животна опасност, додека момчето имало прострелна рана во главата и починало во болница.
Според првичните сознанија, трагедијата се случила во кафетеријата на хотелот. По расправијата која избила меѓу младата двојка, момчето извадило пиштол и пукало во Ана, а потоа си пукало во главата. Мотив за расправијата била љубомора.
Гостите во хотелот веднаш ја известиле полицијата и повикале брза помош, која како што јавуваат албанските медиуми, дошла со задоцнување. |