14.08.2013, 12:48 Логистички центар се гради во зоната Чојлија
Во мултифункционалната индустриска зона Чојлија денеска беа удреди темелите на новиот логистички центар, инвестиција на компанијата „Глобекс“ ДОО Скопје. Во него ќе бидат инвестирани милион евра и за почеток ќе бидат отворени 30 нови работни места. Објектот, кој ќе биде со површина од 7.000 метри квадратни, треба да биде завршен во првиот квартал следната година.
„Инвестицијата дополнител��о ќе придонесе за општина Петровец и за Македонија. Предвидени се 30 вработувања во првата фаза, а вкупниот број на вработени што се планираат е 360 “, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Според него, Владата во соработка со општините постојано презема активности за урбанизирање на што повеќе парцели за изградба на индустриски центри и да им се излезе во пресрет на компанииите со поволни цени и услуги.
Во индустриската зона Чојлија досега се продадени 65 парцели, а за дел од планираните активности наскоро ќе бидат поставени камен темелници.
„Очекуваме уште неколку камен темелници во текот на оваа година, а најмногу во 2014. Воспоставивме специјален софтвер со кој во соработка со општините го следиме исполнувањето на роковите за предвидената изградба и очекуваме многу бргу за две до три години ова да стане вистинско градилиште и индустриска зона во која ќе работат илјадници луѓе не само од општина Петровец, туку и од околните“, рече Јанакиески.(Ј.Ј.В.) |