Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.08.2013, 12:52

ФОТО: Македонија го одбележува Денот на АРМ

По повод одбележувањето на Денот на АРМ дваесетина старешини беа унапредени.

ФОТО: Киро Попов

Успехот што го постигнува АРМ не е само успех на Министерството и Генералштабот, туку и на секој припадник на секоја команда и единица. Овој успех е резултат на одговорноста, проф��сионализмот, храброста и ентузијазмот на припадниците на АРМ.

Ова го нагласи денеска на свеченото постројување на вработените пред зградата на Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на АРМ.

- Никој нема право да посегне по угледот и рејтингот кој Армијата ги ужива кај граѓаните на Република Македонија. Мултиетничкиот состав на АРМ е придобивка која треба да ја негуваме и како таква од секој припадник на Армијата бара граѓанска и мултиетничка одговорност, рече Котески.



Од воена гледна точка, истакна тој, дадовме максимум за НАТО, ги постигнавме стандардите, ги поддржуваме, соработуваме и ценети сме од партнерите и ние, подвлече, не можеме ништо повеќе да дадеме и да направиме.

- Не се откажуваме од нашата стратегиска цел да постанеме дел од воено-политичката алијанса, чија одлука не зависи само од воената, туку и од политичката елита, дециден беше генерал-мајот Котески.

Според него, намалениот буџет во одбраната, како резултат на економската криза, директно влијае на стандардот на припадниците на АРМ и опременоста на Армијата.

- Сегашните финансиски средства се доволни за одржување на опремата и техниката со која располагаме, но не се доволни и за модернизација на нашата армија, потенцира началникот на ГШ на АРМ пред присутните на постројувањето. Генерал-мајор Котески информира дека АРМ има изготвено план за модернизација, кој, како што рече, ја има поддршката од претседателот на Република Македонија, премиерот и министерот за одбрана.

- Барам како началник на ГШ да се раководите од интересите на Армијата и државата, затоа што само тие ќе не одведат до патот на успехот, стабилноста и просперитетот, рече генерал-мајор Котески.

Говорејќи за приоритетите за наредната година, тој информира дека фокусот ќе биде ставен на измени во Законот за служба во АРМ, за подобрување на војничкиот стандард, продолжување на имплементацијата на новата организациско-формациска структура на АРМ, модернизација на Армијата, подобрување на логистичката поддршка, како и подготовка на декларираните единици за учество во меѓународни мисии.




По повод одбележувањето на Денот на АРМ, 20 - тина старешини беа унапредени во чин полковник, потполковник и мајор, а беа врачени и плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на МО и ГШ на АРМ.

По интонирањето на македонската химна, присутните, меѓу кои министерот за одбрана Талат Џафери, заменик - министерот за одбрана Емил Димитриев, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски, со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите и починатите припадници на АРМ.

Во рамки на одбележувањето на 18 - Август, денеска на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на АРМ. Изложбата ќе ја посетат министерот Џафери и началникот на ГШ на АРМ, Котески.

Граѓаните утре ќе можат да го посетат Тактичко-техничкиот збор каде, покрај материјално-техничките средства и борбените возила и вооружувањето на АРМ, ќе биде прикажан и борбениот хеликоптер Ми-24.

Изложба на вооружувањето и опремата ќе биде организирана и во касарните на АРМ во Куманово, Петровец, Штип, Прилеп и Кичево, каде во текот на денот граѓаните ќе можат да ја посетат и да се дружат со припадниците на АРМ.

Првпат оваа година на плоштадот „Македонија“ во Скопје со почеток во 19 часот ќе се организира концерт на воениот оркестар на кој ќе настапат и естрадните уметници Драган Мијалковски, Есма Реџепова Теодосиевска, Мустафа Имери и Блага Петреска. Програмата ќе биде збогатена и со настапот на фолклорната група на Детскиот културен центар „Карпош“ од Скопје, а настап ќе имаат и припадниците на баталјонот за почести на АРМ, кои ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“ со која ќе ги демонстрираат нивните вештини и строева извежбаност во работа со пушка.




Статијата е прочитана 780 пати.


Испрати коментар



Матурантите сакаат да станат академци
Вложувањето во АРМ е влог во безбедноста
Србија става рампа за македонските производи
Во Охрид едни алармираат, други смируваат
Граѓаните им веруваат на институциите
Обвинение и нов притвор за ексразузнавачот Слободан Богоевски
На Иванов не му треба советник за безбедносни прашања
Реакција од СДСМ
УНЕСКО е загрижен, дали сме и ние
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Четврта Школа за млади лидери кај Иванов



Vuk, 16.08.2013 17:10:26
Profesionalnite vojnici koi se otpusteni od ARM so napolneti 38 godini starost samo si gi baraat svoite osnovni covekovi prava na zivot koi im po toj osnov i sleduvaat. ARM i MO nisto ne napravija za nivno vklucuvanje vo aktivna rezerva koja se najavuvase uste od reformite vo 2005/6 kako i vklucuvanje na predvremeno penzioniranite staresini (OF i POF) so navrseni 25 godini penziski staz. Potrebno e R.Makedonija da povece vlozuva vo svojata odbrana (zatoa sto bez svoja vojska ce cuvas tudja) i site gorlivi prasanja da gi resava a ne da gi stava pod tepih kako: - neresenite stambeni prasanja na staresinite (nad 250) koi vlegoa vo ARM od bivsata JNA. - kriminalot vo MO i ARM so imotot koj se izdava pod naem, prodava pod okolnosti kade se krsat zakonskite propisi. - odstapuvanjeto na kasarrnite i karaulite pod uslivoi koi ne se vo soglasnost so zakonskite propisi na subjekti i opstini a na steta na odbranata na zemjata.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Столот број 14: на него седеа милиони

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |