Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.08.2013, 13:59

Германија повикува да се заштитат христијаните во Египет

Шефот на германската дипломатија Гвидо Вестервеле се заложи денеска за заштита на христијаните во Египет.

- Христијанското малцинство во Египет треба да биде заштитено. Ние не поддржуваме ниту една политичка сила. Ние сме на страната на луѓето кои се залагаат за слобода и демократски вредности и кои сакаат отворено општество, рече Вестервеле.

Шефот на германската дипломатија истакнал и дека Германија не планира да испорачува оружје за Египет.

Во немирите во различни египетски провинции се разурнати 22 христијански храмови, од кои седум католички, а оти исламистите ги обвинуваат христијанските Копти дека ја поддржуваат војската, која го собори од власт претседателот Мохамед Морси.

Египетското Воено обвинителство најави дека наскоро ќе почне разгледување на 84 случаи на уапсени лица обвинети за убиства и палење цркви.

Вестервеле вчера истапи со иницијатива за одржување министерски состанок на ЕУ за Египет, изразувајќи надеж дека тој ќе помогне да се постигне единствен пристап за ситуацијата во земјата.


Статијата е прочитана 783 пати.


Испрати коментар



Олигархот во служба на дивата
Поплавата во Русија најголема по еден век
Двајца турски новинари во затвор во Каиро
Боливиец слави 123 години
Муслиманското братство оди во илегала
Рохани - На Иран му треба нова надворешна политика
Египет ја отвори Пандорината кутија



od diasporata, 17.08.2013 14:26:16
A kako ke go zastitete? Znaete li deka samo za poslednite 24 casa se zapaleni nad 50 crkvi na Coptic Orthodox ? So kogo imate rabota vie nemate pojma. Luge-neluge. Tesko na Risjanite tamu.
stranec, 18.08.2013 20:48:57
do od diasporata: Vo eden rat ili drzavna kriza pataat sekogas poslabite. Koga bese ratot vo Makedonija koj patese naj povece? Muslimanite! Na kogo mu gi palea gospodovite kuki(Dzamii Prilep, Ohrid i ..... i domovite? Na muslimanite. Togas ristijanite bea luge- neluge? Ali jas kako Musliman strogo go osudovam takvto ponasanje i zlostvo. Sekoj Covek (crn ili bel, bez vasnost od koja drzava, koja etnicka grupa ili vera) ima pravo da veruva vo one sto saka. Covek sto veruva od srce vo Gospodarot na site luge ne bigo storil toa nesto.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |