19.08.2013, 16:08 Заложничка драма во Инголштат, Меркел ја откажа посетата
Сеп Мислбек, заменик-градоначалник на баварскиот град Инголштат е ослободен од вооружениот маж, кој денеска зеде тројца заложници во зградата на локалната власт.
Засега нема информации за другите двајца заложници, од кои едниот се претпоставува дека е вработен на рецепција, а другиот е службеник.
Според првичните информации вооружениот киднапер избе��ал од психијатриска клиника, во која е доведен на сила, откако му била изречена пресуда за насилно однесување.
Дваесет и четири годишниот осомничен, кој е без постојано место на живеење во јули е осуден на една година и осум месеци условна казна, откако подолг временски период следел една 25-годишна слуижбеничка во локалната власт и им се заканувал на други вработени.
По изрекувањето на пресудата, тој бил подложен на психијатриско лекување. Му било забрането да ги посетува и двете згради на локалната власт. Дваесет и пет годишната службеничка веројатно е една од двајцата заложници.
Канцеларот Ангела Меркел претходно ја откажа посетата на Инголштат, која денеска беше планирана како дел од нејзината предизборна кампања.
Канцеларката Меркел требаше попладнево да се сретне со претседателот на баварската Влада Хорст Шехофер, во рамките на нејзината предизборна кампања, за изборите што ќе се оддржат на 22 септември. |