Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.08.2013, 16:52

Груевски: Извештајот за 24 декември е речиси готов

Премиерот смета дека ако Црвенковски не влијае на СДСМ ќе се надмине блокадата на Комисијата

Извештајот на Комисијата за утврдување на настаните од 24 декември 2012 беше речиси готов и пред објавување, но се искомплицира со враќањето од одмор на Бранко Црвенковски, кој испорача нови барањ��. Тој е главниот виновник за блокадата, која може негативно да се одрази на претстојниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, смета премиерот Никола Груевски.

- Не ме изненадува неговиот гест зашто тој и во минатото создаваше кризи, проблем и застои со кои се обидуваше да направи штета од лични интереси, но останува да видиме дали СДСМ ќе успее да се извлече од неговите канџи во наредниот период. Практично, тие се негов заложник, иако имаат ново раководство. Сосема ни е јасно дека главниот проблем е кај тој човек и тој во позадина се уште ги влече сите конци во СДСМ. Дали тие ќе успеат во наредните денови да се отргнат од канџите на Црвенковски И да продолжиме таму каде што застанавме и за многу кратко време да го решиме проблемот или нема да успеат останува да видиме. Во оваа ситуација не е заложник само СДСМ, туку и Република Македонија, затоа што губиме многу време, енергија и поени надвор и соочени сме со можноста да ја загубиме и препораката од Европската унија оваа есен доколку комисијата не заврши со работа и не се објави извештајот, кој подоцна треба да се спроведе, изјави Груевски по посетата на општината Маврово-Ростуше.

Тој се надева дека опозициската партија ќе најде решение за својот внатрешен проблем кој, како што рече, е точно лоциран и кој скриено го потврдуваат и признаваат и самите членови на СДСМ. На тој начин, повтори премиерот, ќе бидат избегнати негативните последици со есенскиот извештај, од кој зависи европската перспектива на земјата. Ако наскоро не се надмине проблемот, ВМРО-ДПМНЕ ќе примени нова стратегија, рече Груевски, но засега не ја открива.

- Ние како ВМРО-ДПМНЕ постојано се обидувавме нешто да направивме, ги баравме за да се придвижи, зашто извештајот е 99,9 отсто завршен и да не беше врќањето на Бранко Црвенковски, следуваа да се усогласат само ситни финеси и тој да се изгласа. Се уште се надевам дека во наредните денови ќе се најде решение, но веќе и нема многу време зашто истекуваат роковите И последиците подоцна доаѓаат. Како партија нема да останеме неми набљудувачИ на овие последици и доколку во наредните денови не се најде решение, ќе размислиме за нови чекори и нови стратегии кои ќе бидат сосема различно од она што е сега, рече Груевски во село Ростуше, каде што претходно отвори спортска сала.


Статијата е прочитана 2343 пати.


Испрати коментар



Петок кр��ен рок за деблокирање на Комисијата
Мубарак наскоро на слобода?
Се забранува групирање во набавките во здравството
На Писториус ќе му се суди за убиство
Заложничка драма во Инголштат, Меркел ја откажа посетата
Аврамопулос - Скопје го намали влијанието на Грција
Ќе се бара нова фирма за барокот на „Водовод“
Обновени пешачки премини за побезбедни училишта
За притисоците врз Македонците - казна од 430 евра
Скопска фирма увезла гас без да плати 90.000 евра царина
Јанкулоска - Обезбедени се докази за десетмината од „Пошта“
Иванов - На Македонија и требаат луѓе кои знаат да водат
Кривични пријави за четири естрадни уметнички во Велешта
Единаесет повредени при експлозија во кинески ресторан во Софија
Двајца повредени при судир на воз и автомобил во Велес
Москва ја сака базата „Андреас Папандреу“ на Кипар
Состојбите во Европа и ЕУ на средбата Иванов - Клаус
(ФОТО) Скопјанец изгоре во пожар во сопствениот дом
Вонредна средба на ЕУ за Египет
Четвртата Школа за млади лидери на претседателот Иванов
Ел Барадеј го напушти Каиро, замина во Виена
Во „Пошта“ разбојниците влегувале како дома
Забрана за „Муслиманското братство“?
ЈСП ќе отвора музеј на автобуси
Германски „Лидл“ влегува во Србија
Становите во Реонски центар „Аеродром“ чинат 795 евра квадрат
Ставрески во септември ќе пресече за ребаланс на Буџетот
Претепан маж во кафеана во Кисела Вода
Естонци во Скопје фатени при кражба на гориво
Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градовите
Рохани - На Иран му треба нова надворешна политика
Иванов - Ќе дојде денот на признание - членството во НАТО
Лазарат се минира, жителите ќе ја бранат марихуана
Осуммина вработени во Пошта приведени за грабежот во Чаир
Инвестиција од автоиндустријата во Кичево
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара ребаланс на буџетот на Центар
Египет ја отвори Пандорината кутија
Кравите виновни за рестрикциите на струја
Запленети 540 стебла марихуана во Малина Маала
Германија повикува да се заштитат христијаните во Египет
Турција демантира дека регрутира Албанци за Сирија
Четитка од претседателот Иванов за Денот на АРМ
(ФОТО) Свечености за АРМ на плоштад „Македонија“
Писториус обвинет за убиство со предумисла
И Институтот за стандардизација ќе издава сертификати за ИСО-стандарди
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Жерновски - Општината и Министерството за култура работеле незаконски на „Скопје 2014“
Водовод aпелира да не се кршат јавните чешми
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
ГТЦ со месечна добивка од околу 1.100 евра
НАТО нема да се меша во Египет



Mirko, 17.08.2013 17:25:47
Ke si zemam sloboda na izrazuvanje i ke kazam deka, premierot e vo ozbilna mentalna kriza. Ovaa negova opsesija so Crvenkovski i SDSM, preminuva vo paranoja, a lekot za toa se znae i kade treba da se bara. Do koga ke bide za se i sesto kriv Branko, pa Branko?
petre, 17.08.2013 17:29:37
Дефинитивно, човеков е за на бајачка......... да го лечи од уплав................
meksikanec, 17.08.2013 18:08:48
Премиере,од Нова година до сега изминаја полни осум месеци,како не сме во состојба да решиме обичен извештај, за случај кој му е јасен на сите граѓани на Македонија,сем на ДПМНЕ-овците кои како и Вас сакаат црното да го направат бело,лошото добро.лажното вистинито.За големо чудо застанале зад Вас еден куп луге,што пратеници,што партијски војници, симпатизери и безсрамно мислат дека се на правата страна.Бидете сигурни дека и европјаните ви ја дадоа оваа задача на мајтап, да се уверат во Вашата кусогледост и да помислите дека ако докажете дека Уставот не е прекршен да помислите дека сте во право,ако несте.Во овие осум месеци не слушнавме ништо за Бранко,а Вие и на таму од уста не го вадите.Спомнувате сеништа што ве мачат,па извештајот бил скоро готов,ама Бранко се меша итн.а од него нема ни трага ни глас.Само вие се огласувате,како дежурен или ја имате мувата на капата.Што сеуште се плеткате сегде и секојдневно, кога за разврска на случајот Председателот одреди комисија, за да го реши.
riki, 17.08.2013 18:25:58
nashata golgota ke trae se dodeka b.c,egzistira.taka barem izgleda sprema naj nesposobniot premier vo nashata ponova istorija.od pregolema frustriranost,nesposobnost,da se krene standardot na narodot,da se donesat kapitalni investicii,osven dve tri fabriki i 20,000 kravi,koji se SE,ama prava investicija NE.od prosti pricini na subrata sinovite so makedonskite pasoshi ke imaat pravo na subvencii za kravite i toa POGOLEMA suma,taka da se pucanj u prazno.NO uporno i uporno,bc e KRIV.na 24,bc ja izbrka opozicijata,gi izbrka NOVINARITE,bc e glavniot vinovnik za masovnata migracija,bc e vinovnikot za BEDOTIJATA,za podelenosta na narodot,za plackanje na i onaka bedniot narod so nevideni 100-ci zakoni so koji premierot i posledniot denar im go zede od djebot.kazni od 1000,3000.5000,10,000 evra!!!100 denari vishok vo kasata na malo dukance,3,500 evr kazna!!!pa kade odish ti g.premiere!!pa zastanete na granicata da videte kolku narod bega a kolku odat po bg pasoshi!!
Problemot e i kaj nashive politichari, 17.08.2013 18:38:53
Problemot e i kaj nashive politichari koi neznaat da ja objasnat pravnata priroda na problemot so Imeto. Pokraj stranite pretstavnici, principite na pravoto ne gi razbiraat ni nashive diplomati i rakovoditeli.
Mark, 17.08.2013 18:40:14
Opsednatosta na Gruevski so Branko Crvenkovski veke ne spagja vo politicki tuku vo psiholoski domen..A izgleda deka se pomalku i od *negovite* ja goltaat prikaskata deka *Branko e kriv* i pocnuvaat da razbiraat deka nekogo ednostavno ne go biva..Pa ne se ni Makedoncite, pa bile i vmrovci, do tolku so vesla vo ustite!?
Itar Pejo, 17.08.2013 21:05:44
Jas ne se slozuvam so komentatorite koi sto tvrdat deka Premierot ima psiholoski problem. Mozda e tocno no mozda ne e! Mozda on znae ne kogo se obraca, koja e negovata izborna baza: luge so psiholoski problem.
do meksikanecot, 17.08.2013 21:31:46
Ти си заљубен во СДСМ 24 ДЕКЕМВРИ Е ВЕШТАЧКА КРИЗА занасилно враќање на Црвенковски на власт тоа го знае цела Македонија и врапчињата.Затоа цела Македонија го поддржува ВМРО дпмне и утре да има избори пак Груевски ќе победи.
Komunjar, 18.08.2013 00:21:12
Premieru, dajte sozrejte vece ednash. Iskreno, na se` lichite samo ne na premier, a premier ste, pobogu! Pa toj Branko ako e so takva moc i zla cud i namera, zarem mora da se vrati od odmor za da go sprechi vashiot izveshtaj. Ne zaboravete, ziveeme vo era na internet. Bash sprotivno, za da ne bide somnitelen, toa bi go storel od plazata (Florida, Havai, Copacabana, Halkidiki ili onaa vashata na Vardar, seedno). Denes barem sredstva za komunikacija imame i ne glupirajte se vo zelbata da ja sokriete svojata zloba i zlostorstvoto shto go storivte na 24.12. i ne samo togaj! Vtoro, koga minatiot pat zborevte za senishteto i shapshalot (premierski rechnik???), rekovte deka izveshtajot bil gotov rechisi 90%. Vo medjuvreme sam od sebe se reshil do 99,9%, a mozebi vece i 100%, pa nema problem! I na kraj, nitu eden chlen na SDSM nego tvrdi ona shto vie taka cinichno i odvratno go tvrdite. Naprotiv, im se povraca od vashite lagi i neprimerni/zlobni izjavi. Zasramete se!
ciko, 18.08.2013 01:04:15
Mnogu se sramam koga slusam vakvi raboti.a I koga gledam sitel istoto cuvstvo me obzema.zdravi li se ovie ludje.od kaj dojdoa.ima li kraj na ova
Трпе, 18.08.2013 01:22:03
Во радовишко с.Калугерица има еден бајачка која лекува од уплав посебно на сенилни од сеништа.Во право е боксерот што на време се откажал од овој машки спорт.Боксот не е за страшливци и кои вината за секој удар ја барат во друг.А незнам дали има уште и до кога нашиот премиер ке го замајува наивниот народ.Груевски кога ке дојде на власт ке покаже како се решават брзо проблеми со програма и тоа можеби растегната.
mk, 18.08.2013 07:29:06
Odamna tvrdam deka kaj grujo ima nekoja psihicka disfunkcija ama i samiot ne e svesen - za se bil kriv branko - tocno deka e kriv mu ovozmozi na labilniov da dojde na vlast toa mu e najgolema greska. Go slusam vcera i gradonacalnikot na Bitola - nevidena ekoloska katastrofa na Pelister fekalii se razlevaat na preubaviot Pelister - site izvori zagadeni - i slusajte opravduvanje NASLEDEN PROBLEM - abe dpmne ovci 7- 8 godini ste na vlast kontinuirano - kako moze za se sdsm i branko da vi e kriv - po se izgleda i kaj ostanatite od dpmne se pojavil odamna psihicki a i psihijatriski problem. Tesko na Makedonskiot narod so teski psihicki bolni od vlasta.
Mare, 18.08.2013 09:21:56
Boze kakov ne vodi.BC e kriv i za ova ,covekov ne e normalen.BC se otkaza od politika sto treba da napravi za da prestanete so napadite kon nego.Moze planirate lincuvanje kako Mladenovski od Fokus.Do tolku fanaticna opsednatost od BC ne sum videla i Frojd da saka da ve izleci ke se otkaze.Gruevski so clenovite i podrzuvacite na ova fanaticno i radikalno vladeenje ja unistija drzavata.Ne mozam da svatam kako narodot go podrzuva Gruevski i koga gresi.Jas sum bila podrzuvac na SDSM ama koga gresel prva sum gi kritikuvala i kaznuvala na glasanje a so ovie od VMRO ne znam sto se slucuva kako kolektiv se sto ke kaze glavatorot toa e,so svoja glava ne znaat da razmisluvaat.Toa kazuva kakov mentalitet sme i drzava.Ne zasluzuvame vo Evropa,najgolema greska ke i bide na EU ako ne primi.Nie sme za u Tunguzija so vakva vlada i narod,nisto dobro ne zasluzuvame.
robert, 18.08.2013 09:48:28
da ziveam vo skopje sekoe moe slobodno vreme ke go iskoristuvam za protesti pred sobranieto.ima mnogu pricini poradi toa.spomenicite od sk 2014 ukinuvane na dnevnata eftina tarifa zatvoraneto na kezarovski haosot vo obrazovanieto i zdravstvoto vrabotuvaneto vo prenatrupanata drzavna administracija i duri na kraj slucuvanata od 24 dekemvri.i sepak toa e vnatresna rabota na sobranieto.no kade se site tie skoro 1 milion nasi skopjani.se plasat od grujo?ili mozebi e navistina nasata zemja vo ovoj moment najrazviena vo svetot.
pile, 18.08.2013 10:42:46
Ако наскоро не се надмине проблемот, ВМРО-ДПМНЕ ќе примени нова стратегија, рече Груевски, но засега не ја открива.Kako Makedonec od Gorna-Republika Makedonija na kogo kako i na mnogubrojnata intelektualna elita vo Drzjavata strategijata na aktuelniot Premuer vo zaminuvanje za izgradba na nedemokratsko opstestvo podaleku od politickoto vlijanie na megjunarodnata zaednica i sto podaleku od NATO i EU i od dokazjanite evropski vrednosti veke mnogu dobro e prodrena.Takvata strateska cel vo izminatiot period ja postignuvase nad ovoj kakov takov narod so poveke doktrini, od povikuvanje na istiot narod koja televizija da ne gleda, za da bidat prinudeni 8 realni mediumi da prestanat so rabota, preku doktrina za partizacija na sekoj segment na instituciite ili doktrina na politicki progoni so prislusuvanje na politickite protivnici za vreme na kampanja ili doktrina na davanje vrednost i privilegii na penzionerite kako stolb na semejstvoto, a toa vo uslovi na nefunkcioniranje na pravnata drzja
od osrijot, 18.08.2013 12:20:10
znaci posle osum meseci komisijata dojde do zalucok koj imgo grujo diktirase oti tepnite bile tepani zatoa sto branko nasilno vlegol vo parlamentot i stoe uste po zalno i sramno narodot veruva vo ovie gluposti
germanija, 18.08.2013 15:20:21
Kakov premier takva drzava,zasramise g.premiere kakvi glubosti treses,i na vrapcinjana mu e jasno koj ne vodit vo Makedonija,zar uste se plasis od Branka.
viki, 18.08.2013 17:23:11
Страшно ми звучи ова дека Црвенковски е крив и за тоа што не функционира комисијата за 24 декември. Па ви се молам, г-дине премиер, дали воопшто се слушате, дали се ова ваши зборови или пак некој од вашиот кабинет тоа ви го наложува да го зборувате! Па и неук човек може да види дека сето ова е провидно и не води никаде. Само Латас и вие како премиер зборувате вакви работи. Оставете го Црвенковски или ова ми кажува дека кога еден ден и вас ќе ве снема од политичката сцена, и понатаму ќе брцате прсти таму каде што не ви е мместото. Ве молам немојте да ги слушате луѓето од вашиот кабинет што ве поучуваат затоа што ваквиот однос не води кон ништо. Немојте да мислите дека така ќе го придобиете уште повеќе народот кон вас! Не. Тоа може да создаде само негативен ефект па дури и кај оние кои го мразат Црвенковски, а такви ги има доста!!!
Caro-kann, 18.08.2013 19:17:10
Г-дине do meksikanecot,дај бре човече прибери се!!! Ако има со што!!!Ако нема, здравје.Толку те дарувал господ.Кај тебе во прашање се два проблеми и тоа кој од кој полош.Првиот ,ако навистина мислиш така како што имаш напишано проблемот е во ниското интелектуално ново,што е лошо,а вториот ако не го мислиш тоа,а сепак, од само тебе познати причини, го пишуваш,е уште полошо.Сега избирај (ако веќе си во можност воопшто да избираш) од двете зла!!!Па човече божји,еве г-динот Komunjar (може и не е комуњар),ти дал еден многу логичен пример.Не живееме веќе во времето на Крале Марко,па со коњ да поминуваме далечини и да се најдеме на местото на настанот.Живееме во ера на висока технологија,кога информациите патуваат со светлосна брзина од крај на крај светот. Што тие тебе???Во кој виртуелен свет жќивееш????????????????
macor, 18.08.2013 20:20:08
...lele be Koljo , pusti Kojlo , za greota si ,,, Branko ta Branko,,,

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |