Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.08.2013, 15:33

Жерновски: Општината и Министерството за култура работеле незаконски на „Скопје 2014“

Градоначалникот на Центар ги предаде првичните наоди од ревизијата на проектот на Јавното обвинителство

Првичните наоди од ревизијата на проектот „Скопје 2014“ правена по налог на Општина Центар денеска беа предадени на Јавното обвинителство. Документите ги предаде лично градоначалникот Андреј Жерновски, кој смета дека извештајот содржи констатирани многубројни незаконски постапки на Министерството за култура и на претходното општинско раководство.

„Ревизорите ја завршија својата работа, а со ова предавање на документите и јас ја завршив својата, сега останува тоа да го стори и Обвинителството. Постојат сериозни индиции за незаконско работење, што претставува основа за постапување на Јавното обвинителство. Се разбира дека во оваа цела незаконитост не треба да се бара вина само во претходната локална власт, туку и во централната, поточно кај Министерството за култура, кое е директен поттикнувач. Предметот кој денеска му е предаден на Обвинителството претставува одлична шанса оваа државна институција да покаже дека судството во Македонија функционира и, конечно, да почнеме да ги бришеме негативните коментари дека имаме партизирано судство“, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, и нагласи дека доколку и во вториот дел од ревизијата бидат констатирани неправилности, тој е должен и за тоа да го алармира Јавното обвинителство.

Инаку, вториот извештај од работата на комисијата која ја спроведува ревизијата на проектот „Скопје 2014“ се очекува да биде презентиран за неколку месеци.

Но, за советниците од ВМРО-ДПМНЕ доказите за кои говори Жерновски се неточни формулации. „Ние како советничка група сме убедени дека целиот проект е целосно легален и законит. Впрочем, Државниот завод за ревизија, на кој се повика Жерновски, досега има направено две ревизии, во 2008 и 2009 година, и нема констатирано никаква неправилност во постапките“, рече Даниела Рангелова од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, според која градоначалникот навел неточни формулации преполни со политички квалификации.

„Единствено што требаше да стори е да се извини за сите досегашни обвинувања дека проектот ‘Скопје 2014‘ е криминален. Но, наместо тоа, овој срам и политички пораз за него се труди да го надмине со тоа што ја префрла одговорноста кај други институции, а во овој случај кон Јавното обвинителство“, рече Рангелова и го повика Жерновски доколку е навистина убеден во неправилностите во владиниот проект лично, или во име на Општината, да поднесе тужби за сите обвинувања. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 1096 пати.


Испрати коментар



Сообраќајот со зголемен интензитет надвор од градовите
Рохани - На Иран му треба нова надворешна политика
Иванов - Ќе дојде денот на признание - членството во НАТО
Лазарат се минира, жителите ќе ја бранат марихуана
Осуммина вработени во Пошта приведени за грабежот во Чаир
Инвестиција од автоиндустријата во Кичево
ВМРО-ДПМНЕ ќе бара ребаланс на буџетот на Центар
Египет ја отвори Пандорината кутија
Груевски - Извештајот за 24 декември е речиси готов
Кравите виновни за рестрикциите на струја
Запленети 540 стебла марихуана во Малина Маала
Германија повикува да се заштитат христијаните во Египет
Турција демантира дека регрутира Албанци за Сирија
Четитка од претседателот Иванов за Денот на АРМ
(ФОТО) Свечености за АРМ на плоштад „Македонија“
Писториус обвинет за убиство со предумисла
И Институтот за стандардизација ќе издава сертификати за ИСО-стандарди
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Водовод aпелира да не се кршат јавните чешми
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
ГТЦ со месечна добивка од околу 1.100 евра
НАТО нема да се меша во Египет
(ФОТО) Реонски центар „Аеродром“ ќе добие нова инфраструктура
Четврта Школа за млади лидери кај Иванов
(ФОТО) Македонија го одбележува Денот на АРМ
Почина „адвокатот на ѓаволот“
Турција и Египет ги повлекоа своите амбасадори на консултации
Изгаснат пожарот во магацин за шеќер и масло во Глумово
„Вашингтон пост“ објави извештај од Сноуден за работата на НСА
СБ повика да престане насилството во Египет
Свечености за Денот на АРМ
Итна седница на Советот за безбедност за Египет
Почнаа уписите на државните универзитети
Јакнење на капацитети во енергетиката
УНЕСКО испраќа комисија да види што се случува во Охрид
Зголемен прометот во индустријата
(ФОТО) Обама од Кенија ја виде Македонија
Албанците за Сирија заминуваат преку Турција
Ќе се вработат уште 50 лица со статус деца без родители
Тетовец во Албанија пукал во девојката, па се самоубил
Обама годинава летниот одмор го минува без ќерките
Крводарителска акција по повод Денот на АРМ
Сараќини - Трговскиот дефицит ќе се намали
(ФОТО) Египет во хаос, над 525 загинати во судирите



miki, 16.08.2013 16:37:22
А што е законско во Скопје 2014??? Тоа е обична пералница на пари, ништо друго.........тоа на сите им е јасно и додека е оваа власт никој ништо не им може............
meksikanec, 16.08.2013 19:27:05
Дека Скопје 2014 е полн со незаконски и криминогени постапки,уште пред да се одлучите на овај храбар и исправен чекор ни беше јасно.Дека во тој криминоген чин подеднакво е вмешана локалната и извршната власт исто така.Со оглед на раздраженоста на Центарот за манипулација и лаги на ДПМНЕ,најзасегнати и инволвирани со испитувањето на законитоста на проектот,се лугето блиски до тесното партиско раководство.Затоа врескаат во континуитет и повикуваат на пријави за кривично гонење.Вие не се брзајте со ништо,затоа што за се има време и се ќе си дојде на свое место.Водете точна евиденција на работите,личностите и потрошените средства за да се знае кој колку е морално,матерјално и кривично одговорен за ова злодело,наречено Скопје 2014 или антиквизација,пред народтот,законот и пред историјата,како што рече Унковски.Мора да се знаат носителите на оваа идејна,културна и материјална пропаст на државата.Држава стварана со крвта на нејзините најдобри синови и ќерки.Направете редослед по одговорност.
iskra, 16.08.2013 19:48:02
A sto e so drugite objekti od SK2014, kako na primer Oficerski dom? Ne se spomnati vo nitu eden red od revizorskiot izvestaj. Na internet portalite veke se pojavija informacii deka tamu e vmesan mentorot na Zernovski - Risto Penov. Dali i ovaa opstinska vlast ke raboti selektivno i ke gi cepka samo slucaite vo koi nemaat licen finansiski interes?
SKOPJE MORA DA GO SPASIME, 16.08.2013 20:01:26
Na Zernovski mu prestoi teshka borba vo ovaa nasilstvo kon nego licno i kon *neposlushnite* gragjani na Centar .ODMOGNAT od centralnata Vlast,bez sorabotka so sovetnickata grupa na VMRO,no vo ubavi odnosi so ostanatite sovetnici iiskreno podrzan od svoite sogragjani koi, vo nikoj slucaj ne podlegnuvaat na intrigite od *neprijatelskiot blok*. Se somenevam deka od *prva raka *ke uspee vo potfatot,preku denes predadenata dokumentacija do Javnoto obvinitelstvo,osvem ako pravosudstvoto se potseti na onaa statuja koja stoi pred site sudski palati na svetot: zena so vrzani oci i terezija vo raka..Vo sekoj slucaj, Zernovski se drzi do zborot koj ni go dade,a za rezultatite, site sme tuka i trpelivo, ke go kurazime za da stigne/me do pasakanata cel.Nashata opshta zelba e,da se spasi Skopje od samovolieto na poslednive nekolku godini,od kic barok gradbi vo nego , na sekoe parce slobodna zemja,sto poveke drvja i LIPI, simbolot na Skopje i moznst, da se dishi slobodno i da sme, BEZ STRAV vo neg
kojco, 16.08.2013 23:52:52
Ajde sega;Ganka Samoilovska= 30 godini ZATVOR, i Vladimit Todorovik-TINEX= 30 godini ZATVOR
zacuden, 17.08.2013 00:17:53
A sto mu znacoi toa na Zernovski nezakonski? Ima krivicno delo ili nema? A vrz osnova na sto utvrdil deka e nezakonski? Expertkata Taseva? Pa taa nema nikakvi ovlastuvanja i licenca za vrsenje revizija, taa kazuvase prikazni za toa deka Sk. 2014 e nazakonski uste pred da pocne dase gradi ! Eve kakva e procedurata: Zernovski treba na Obvinitelstvoto da mu podnese krivicna prijava NEKOMU za osnovano somnevanje za storeno krivicnoi delo po cl. od KZ broj toj i toj, a ne da dade nekavi izvestai od nekoja si mkomisija pa Obvinitelstvoto da bara nekakvo si krivicno delo vo toj izvestaj. Pod itno ke mu go vrati, a kutriot Zernovski ke bide ismean! E Gradonacalnice Zernovski, navistina aber si nemal od rabotata. A da go iskoristam momentov i da go zaprasam Zernovski koga predviduva deka ke padnat tribiniteod na stadionot Filip II, bidejki decata mi odat na fudbalski natprevari, pa togas da ne gi pustam, neli, zaradi bezbednost.! Ke mu bidam blagodaren !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 31°C

Ведро

Недела
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 34°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Среда
Претежно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Четврток
Претежно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Столот број 14: на него седеа милиони

Дне��ник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |