Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
17.08.2013, 17:18

Египет ја отвори Пандорината кутија

Најмалку 173 лица загинаа вчера во судирите меѓу исламистите и војската, а досега се разурнати 22 христијански храмови

Најмалку 173 лица се убиени, а над 1.330 се ранети вчера на „Денот на гневот“ во Египет, главно при жестоките судири меѓу приврзениците на соборени��т претседател исламист Мухамед Морси и силите за безбедност.

Во центарот на Каиро биле убиени 95 лица, а 596 биле ранети во цела престолнина.

Еден од синовите на лидерот на „Муслиманско братство“, Мухамед Бадија е меѓу вчера убиените, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на политичкото крило на исламистичкото движење - Партијата за слобода и правда.

Амар Бадија (38) бил застрелан додека учествувал во протестот на плоштадот „Рамзес“ во центарот на Каоро.

Самиот Мухамед Бадија е однесен во непознат правец. Против него на 25 август ќе почне процесот по обвинение за поттикување кон насилство.

Претходно неделава во протест беше убиена ќерката на Мухамед ел Белтаги, еден од лидерите на „Муслиманско братство“.

Египетската полиција денеска продолжи со апсењата на високо позиционирани претставници на исламистичкото движење.

Египетската војска влезе во џамијата на демонстрантите

Египетската војска влезе утрово во џамијата во која цела ноќ останаа исламистички демонстранти, по судирите во петокот, кога околу сто лица го изгубија животот.

Приватната египетска телевизија ОНТВ го прикажа во живо влегувањето на војниците, додека египетскиот канал на мрежата „Ал Џазира“ пушти на својата Интернет страница снимка од војници во џамијата.

Демонстрант во џамијата, во телефонска изјава за дел од западните медиуми, бара да не бидат апсени или пак нападнати од страна на непријателски расположени граѓани, кои исто така се собираат околу џамијата.

Христијаните колатерална штета во египетскиот хаос

Во немирите во различни египетски провинции се разурнати 22 христијански храмови, од кои седум католички, а исламистите ги обвинуваат христијанските Копти дека ја поддржуваат војската, која го собори од власт претседателот Мохамед Морси.

Египетското Воено обвинителство најави дека наскоро ќе почне разгледување на 84 случаи на уапсени лица обвинети за убиства и палење цркви.

Распуштање на „Муслиманско братство“

Египетскиот премиер Хазем ел Беблави предложи да се распушти исламистичкото движење „Муслиманско братство“ и оти преодната влада веќе ја разгледува оваа идеја.

Тој подвлече дека помирувањето е можно само за оние чии раце не се натопени со крв.

Исламистичкото движење, основано во 1928 година, било распуштено во 1954 година од тогашните воени владетелеи со Египет, но повторно се регистрира како невладина организација како одговор на судскиот процес, почнат од опонентите кои ја оспоруваат неговата законитост.

„Муслиманско братсво“ има и политичко крило, Партијата за слободата и правдата. Таа беше формирана по падот на режимот на претседателот Хосни Мубарак во февруари 2011 година и брзо се претвори во водечка политичка сила во Египет.


Статијата е прочитана 1184 пати.


Испрати коментар



Олигархот во служба на дивата
Поплавата во Русија најголема по еден век
Двајца турски новинари во затвор во Каиро
Боливиец слави 123 години
Муслиманското братство оди во илегала
Рохани - На Иран му треба нова надворешна политика
Германија повикува да се заштитат христијаните во Египет



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 27°C

Ведро

Понеделник
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |