18.08.2013, 15:15 Германски „Лидл“ влегува во Србија
Германскиот ланец на супермаркети „Лидл“ и официјално го купи земјиштето во Белград каде планира да ја шири својата малопродажна мрежа. Компанијата ја потврди оваа информацијата, пренесоа српските медиуми.
Покрај во Белград Лидл маркети ќе се градат во внатрешноста на Србија, односно во Ваљево, Суботица, Нови Сад, Зрењанин, Ниш и Смедерево. Веќе се најавува и конкурсот за вработување во Лидл кој ќе овозможи отварање ��ови работни места.
Услов за изградба на маркет на Лидл за Србија е локацијата да биде на фреквентно место, со одлична видливост и сообраќајна поврзаност. Супермаркетите на Лидл во просек имаат по 1000 м2, со дополнителни 200-650 м2 магацински и помошни објекти и задолжителен паркинг простор. (Ек.Р.) |