17.08.2013, 14:20 Кравите виновни за рестрикциите на струја
Жителите на Ландонa, на британскиот остров Енглси, веќе подолго време се жалат на чести рестрикции на струја, а локалната електродистрибуција наведува дека проблемот е конечно локализиран.
- Веќе со години струјата се прекинува на неколку секунди, па се враќа, вели Кервин Џонс, претставник на велшкото село, додавајќи дека во електродистрибуцијата му објасниле дека кравите се главни виновници поради лошото снабдување со струја.
Имено, до прекините доаѓало поради тоа што кравите многу силно се чешаат од електричните столбови.
Проблемот, како што тврдат, ќе биде решен наскоро кога специјални огради ќе бидат поставени околу столбовите.
- Навистина е премногу компанијата да ги обвинува кравите за рестрикциите на струја, налутено коментираше Џонс, истакнувајќи дека електродистрибуцијата која заработува толку многу пари, треба да инвестира во нова опрема, наместо да ги обвинува животните. |