16.08.2013, 14:25 НАТО нема да се меша во Египет
Алијансата не ја разгледува можноста за испраќање војници, бидејќи земјата се „наоѓа надвор од сферата на одговорност“
НАТО не ја разгледува можноста да испрати свои војници во Египет или да преземе какви и да било воени дејствија во врска со ексалацијата на насилствата во оваа земја, велат дипломатски извори од Брисел.
Како образложение за тоа се наведува ставот дека Египет се „наоѓа надвор од сферата на одговорност на Алијансата“.
Гарантирањето на безбедноста на странските дипломатски мисии и на туристите во земјата „првостепено е задача на египетското раководство“, истакна тој.
Според изворот, засега нема потреба да се испраќаат воени сили, но „Алијансата останува подготвена да направи се што е неопходно за да ги заштити земјите членки и своите граѓани“.
- Ситуацијата во Египет ќе биде разгледана од Северноатлантскиот совет на ниво на амбасадори, но во моментов Алијансата не планира вонредни средби или консултации, рече тој.
НАТО не гледа улога за себе во надминувањето на овој конфликт, кој треба да се реши политички, а не со насилни сценарија.
Претходно генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, изјави дека Северноатлантскиот сојуз со загриженост ја следи ситуацијата во Египет. Тој го осуди ескалираното насилство во земјата и крвопролевањата, а го повтори и традиционлниот апел кон сите локални политички сили „да бидат воздржани и да почнат политички дијалог“. |