18.08.2013, 17:20 Судот во Лос Анџелес пресече - кондоми во порно филмовите
Во одлуката се наведува дека употребата на кондоми за време на снимањето на филмови за возрасни ќе придонесе за побезбеден секс
Порно актерите треба да употребуваат кондоми за време на снимањето на филмови за возрасни, одлучи Федералниот суд во Лос Анџелес.
Во одлуката судијата Дин Прегерсон наведува дека постојат доволно докази за здравствените ризици за порно актерите кои со Законот за безбеден секс треба да бидат намалени.
Намерата на законодавците е „на директен и материјален начин да ги ублажат проблемите на оние кои се загрозени“, се наведува во пресудата.
- Оваа пресуда е огромна победа. На овој начин ќе дојде до заштита и безбедност на актерите кои работат во порно индустријата, соопштија невладини организации кои се борат за заштита од СИДА. |