Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
18.08.2013, 17:31

Болт го истрча и третото злато

Машката штафета на Јамајка стигна до златниот медал со време 37.36 секунди на завршницата на СП во атлетика во Москва

На последниот ден од Светското првенство во атлетика во Москва беа одржани шест финални дисциплини. Јамајка уште еднаш ја потврди доминацијата во спринтерските дисциплини. Машката штафета на Јамајка предводена од Јусеин Болт во последнта замена стигнаа до златниот медал со време 37.36 секунди. За Болт ова беше трето прво место на шампионатот во Москва.

Среброто го освоија Американците, кои од 2007 година немаат златен медал во штафетата. Денеска Американците истрчаа 37.66 секунди, а бронзата ја освои Канада со време 37.92 секунди, откако Британците кои беа третопласирани се дисквалификувани.

Рекорд на светските првенства постави штафетата на Јамајка во женска конкуренција. Тие патеката 4 х 100 метри ја истрчаа со време 41.29 секунди. За Шели Ен Фрејзер Прајс од Јамајка, исто како за Болт, ова беше трет златен медал во Москва. Второ време имаше Франција, додека Американките и покрај лошата втора замена стигнаа до бронзениот медал.

Со четвртиот резултат на сите времиња во трискок Французинот Тиери Тамго го освои златниот медал. Тамго е третиот човек што ја има прескокнато должината од 18 метри. Тамго имаше резултат 18.04 метри во последната серија. Педро Пабло Пикардо од Куба го освои среброто откако имаше должина од 17.68 метри, а бронзата е за Американецот Вил Кејли со должина на трискокот 17.52 метри.

Кристина Обергфол од Германија конечно стана светска шампионка откако претходно на четирите учества на светските првенства имаше две сребра во 2005 и 2007 година. Таа во втората серија копјето го фрли со должина од 69.05 метри. Среброто и припадна на Кимберли Микле од Австралија, која имаше должина од 66.60 метри, а бронзата ја освои досегашната светска шампионка, Русинката Марија Абакумова со 65.09 метри.

Светскиот шампион од Даегу, Асбел Кипроп од Кенија, го одбрани златниот медал во трката на 1.500 метри. Тој постигна време од 3:36.28 минути. Среброто му припадна на Американецот Метју Центровиц со време 3:36.78 минути, а бронзата ја освои Јохан Кронје од Јужна Африка со време 3:36.83 минути.

Во трката на 800 метри кај жените победи Еунис Џепкоеч Сун од Кенија, која имаше резултат 1:57.38 минута. Русинката Марија Савинова стигна втора на целта, трета беше Американката Бренда Мартинез со 1:57.91 минута, а без медал остана Алисија Џонсон Монтано, која водеше во најголемиот дел од трката.

Најмногу златни медали (7) освои Русија, а најмногу медали САД - вкупно 25, од кои шест златни, исто колку и Јамајка. 


Статијата е прочитана 523 пати.


Испрати коментар



Евробаскет 2013 - Во Копер ќе се игра баскет на море
Убедлив триумф на Јувентус во Суперкупот на Италија
Барса со седум гола го „прегази“ Леванте
Надал и Азаренка триумфираа во Синсинати
Неда Украден ќе ја забавува „фалангата“
(ФОТО) Металург го одбрани трофејот во Струга
Јубилејот без Докузовски и Марковски!?
Пипан не e задоволен, не е ни разочаран
(ФОТО) Литванска одмазда среде Скопје
Астон Вила го преслуша Арсенал на „Емирати“
Болт најбрз и на 200 метри
Металург и Иври финалисти во Струга
Суарез пак првиот тим на Ливерпул
Фарах најбрз и на 5.000 метри
Надал и Федерер се судрија во четврт-финалето
Густаво официјално во Волфсбург
Спекталот за ЕП може да почне
Металург на чекор до финалето во Струга
Бондаренко се закити со злато во Москва
МЗТ ги почна подготовките за новата сезона
Јаневски задоволен од резултатот, но не и од играта
Бартоли замина во пензија
Вардар и Металург убедливи на стартот на „Струга 2013“
Бугарија падна во вистинско време
Злато за Ирска на 50 километри брзо одење
Илиевски - „Ќе го оставиме срцето на терен“
УЕФА го исфрли Металист од ЛШ
Хејнкес го одбил ПСЖ
Ибрахимовиќ - „До крај ќе го испочитувам договорот“
Шарапова се сопна уште на стартот во Синсинати
(ВИДЕО) Исинбаева трет пат светска шампионка
Металург СЕХА ќе ја игра во Велес
Гечевски - Фотографијата не ме остави рамнодушен
Руска доминација на 20 километри брзо одење за жени

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 16°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Ведро
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Четврток
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Сабота
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон - Илина Арсова. Како го освоив Монт Еверест

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |