14.08.2013, 11:50 Хејнкес го одбил ПСЖ
По освојувањето на тројната круна со Баерн тој ја заврши соработката со клубот, па од Париз му понудија плата од 24 милиони евра по сезона
Јуп Хејнкес беше на чекор од можноста да стане најплатениот тренер во историјата на фудбалот, а за тоа го делеше само позитивен одговор на понудата која му ја дадоа челниците на екипата на ПСЖ. Хејнкес по освојувањето на тројната круна со Баерн ја заврши соработката со клубот, па од Париз му понудија плата од 24 милиони евра по сезона.
Оваа понуда е четирипати поголема од платата што ја добиваше во Баерн Минхен. Како тренер на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите добиваше по шест милиони евра, што е премалку за стратег кој има големо минато зад себе.
Веста за одбивањето ја донесува германскиот „Билд“ кој вели дека „Дон Јуп“ одлучил да се повлече од фудбалот додека си уште е на врвот и не сакал да експериментира. Иако понудата изгледа неверојатно и ретко кој би одбил ваква плата (за споредба Анчелоти лани добиваше 12 милиони евра), сепак, очигледно дека не е си во парите. Со оглед на тоа дека Хејнкес има 68 години сосема е извесно дека финансиите не му на прво место, па затоа во моментов може сосема мирно да ги следи натпреварите на Баерн Минхен. |