Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
11.08.2013, 20:51

Болт и на силен дожд најбрз на 100 метри

Ова е втор златен медал за Јамајканецот на Светските првенства во оваа дисциплина, а на претходното СП во Даегу, поради погрешен старт беше дисквалификуван

Најбрзиот атлетичар на светот Јусеин Болт од Јамајка ја поврати све��ската титула победувајќи на трката на 100 метри на Светското првенство во Москва. На претходното СП во Даегу, поради погрешен старт Болт беше дисквалификуван.

Болт по дождливо време патеката ја истрча 9.78 секунди што е најдобро негово време оваа година. Среброто му припадна на Американецот Џастин Гетлин, кој имаше 9.85 секунди (најдобро негово време во 2013 година), а бронзата ја освои Неста Картер од Јамајка со време 9.95 секунди.

Првиот златен медал од денешната програма му припадна на Русинот Александар Иванов, кој најбрзо ја мина патеката од 20 километри - брзо одење со најдобро лично време 1:20.58 час. Среброто го освои Динг Чен од Кина, а бронзата му припадна на Мигуел Анхел Лопез од Шпанија и двајцата со најдобри времиња сезонава.

Најуспешен десетобоец е Американецот Ештон Итон со 8.809 поени најмногу сезонава. Германецот Михаел Шрадер освои 8.670 поени што беше доволно за второто место, а трет заврши Демјан Ворнер од Канада со 8.512 поени.

Во скок во далечина Американката Бритни Рајс по трет пат стана светска шампионка и со тоа ги мина легендарните Хајке Дрекслер, Џеки Џојнер Керси и Фиона Меи, кои имаат по две злата во оваа дисциплина. Рајс до златото стигна со скокот од 7 метри и 1 сантиметар. Два сантиметри (6.99 метри) покус скок имаше „сребрената“ Блесинг Окагбаре од Нигерија, а Ивана Шпановиќ од Србија со 6.82 метри (национален рекорд) доскокна до бронзата. Иста должина имаше и Вола Сударава од Белорусија, но Србинката имаше подобра серија скокови.

Очекувано златниот медал во флање диск кај жените и припадна на најдобрата оваа сезона Сандра Перковиќ од Хрватска со 67.99 метри. Втора заврши Мелина Роберт Михон од Франција (66.28 метри), а трета Јарелис Бариош од Куба (64.96 метри).

На трката од 10.000 метри победи олимписката шампионка Тирунеш Дибаба од Етиопија со време 30:43.35, пред Гледис Чероно од Етиопија и сонародничката Беланеш Олјира.


Статијата е прочитана 802 пати.


Испрати коментар



МЗТ ги почна подготовките за новата сезона
Јаневски задоволен од резултатот, но не и од играта
Бартоли замина во пензија
Вардар и Металург убедливи на стартот на „Струга 2013“
Бугарија падна во вистинско време
Злато за Ирска на 50 километри брзо одење
Илиевски - „Ќе го оставиме срцето на терен“
УЕФА го исфрли Металист од ЛШ
Хејнкес го одбил ПСЖ
Ибрахимовиќ - „До крај ќе го испочитувам договорот“
Шарапова се сопна уште на стартот во Синсинати
(ВИДЕО) Исинбаева трет пат светска шампионка
Металург СЕХА ќе ја игра во Велес
Гечевски - Фотографијата не ме остави рамнодушен
Ето сака кај Мурињо
Домашните го викале Дрогба - „Маршал Тито“
Руска доминација на 20 километри брзо одење за жени
Злато за Охурогу во фото-финишот на 400 метри
Гечевски се врати!
Јотовски влезе во првите 1000 на АТП-листата
Серена Вилијамс моќно до трофејот од Торонто
Надал победник на „Роџерс Куп“
Манчестер Јунајтед го освои Комјунити Шилд
(ФОТО) Атлетичарка со диск погоди колешка в лице
„Тоше, те молиме играј уште овој пат“
Деби од соништата за Обамејан
Фарах ја потврди доминацијата на 10.000 метри
Надал го победи Ѓоковиќ на „Роџерс Куп“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 28°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 32°C, Мин: 17°C

Сабота
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 36°C, Мин: 17°C

Понеделник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Велика Британија им ја тресна вратата на странците
Камиони со билборди беа распоредени во етнички различни средини во Лондон со пораката илегалните имигранти „да си одат д...
Погреб во вселената за две илјади долари
Резервациите веќе почнаа за првиот „меморијален вселенски лет“, кој ќе се одржи наредната година во Кејп Канавера...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтом |