11.08.2013, 21:45 Манчестер Јунајтед го освои Комјунити Шилд
„Црвените ѓаволи“ на „Вембли“ стигнаа до 20.трофеј од Суперкупот на Англија, а прв со Дејвид Мојс, со победа над Виган од 2:0
Актуелниот шампион на Англија Манчестер Јунајтед со трофеј ја почнува новата сезона. Во Комјунити Шилд натпреварот (Суперкупот на Англија) попладнево на „Вембли“ во Лондон, „црвените ѓаволи“ го победија Виган со 2:0.
Стрелец на двата гола во 6.минута и во 59.минута беше Робин Ван Перси.
Напаѓачот на Јунајтед на последните шест натпревари против Виган има постигнато седум голови.
За шампиониот Манчестер Јунајтед ова беше 20.трофеј во ова натпреварување, а прв за новиот менаџер Дејвид Мојс. |