13.08.2013, 12:09 Руска доминација на 20 километри брзо одење за жени
Златниот медал и припадна на Елена Лашманова, а само три секунди послабо време постигна нејзината сонародничка Анисија Кирдјапкина
Првите две места на трката од 20 киломeтри брзо одење во женска конкуренција на Светското првенство во ��тлетика во Москва го освоија руските атлетичарки.
Златниот медал и припадна на Елена Лашманова, која имаше време 1:27.08 час, а само три секунди послабо време постигна нејзината сонародничка Анисија Кирдјапкина - 1:27.11. Бронзениот медал го освои Луи Хонг од Кина со време - 1:28.10.
Ова за Русија (домаќин на шампионатот) беше втор златен медал.
Денеска во попладневната програма од четвртиот ден од СП ќе се одржат уште шест финални дисциплини: фрлање диск, 800 метри, 400 метри кај мажите, скок со стап, седмобој (последна дисциплина) и 3.000 метри стиплчез кај жените. |