15.08.2013, 12:20 Бартоли замина во пензија
Французинката, која е актуелна шампионка на Вимблдон, на турнирот во Синсинати загуби од Симона Халеп и објави дека тоа бил нејзин последен меч
Актуелната шампионка на Вимблдон, французинката Марион Бартоли соопшти дека ја завршува својата тениска кариера. Таа синоќа на турнирот во Синсинати загуби од Симона Халеп и потоа објави дека тоа бил нејзиниот последен меч.
- Не е лесно ова да се изјави. Едноставно не сакате да дојдете во ваква ситуација, но така е. Време е да се повлечам од спортот. Целото тело ме боли после мечот, изјавила Бартоли.
Честите повреди последните сезони беа причина 28-годишната тенисерка да се повлече.
Бартоли покрај титулата освоена оваа година на Вимблдон, беше финалистка на овој турнир и во 2007 година кога загуби од Венус Вилијамс.
Во својата кариера Бартоли освои седум титули во поединечна конкуренција и три во игра на двојки и заработи нешто повеќе од 11 милиони долари. |