13.08.2013, 12:15 Домашните го викале Дрогба - „Маршал Тито“
Мајка му го обожавала лидерот на поранешна СФРЈ што решила на својот син Дидие да му го даде прекарот „Маршал Тито“
Дидие Дрогба уште како дете, во родниот Абиџан почнал да игра фудбал, а на петгодишна возраст заминал кај вујко му во Франција кој бил професионален фудбалер. По три години се вратил во Абиџин каде играл фудбал на паркинг плац. Потоа како 15-годишно дете повторно се вратил во Франција и од тука започнува неговата профи кариера.
Мајка му на Дидие го обожавала лидерот на поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито. Таа до толку го сакала Тито што решила на својот син Дидие да му го даде прекарот „Маршал Тито“. Дрогба го прифатил овој прекар, а подоцна се покажало дека мајка му имала визија бидејќи нејзиниот син покажал дека знае како е да се биде лидер. Профи кариерата ја започна во Ле Ман каде помина четири години пред да се пресели во Генгам. По две сезони во овој клуб прави трансфер во Олимпик Марсеј, а од 2004 година е дел од англискиот премиерлигаш Челзи. |