13.08.2013, 15:06 Том и Џери цензурирани поради расистички изјави?
Станува збор за „спорните“ епизоди „Casanova Cat“ (1951) и „Mouse Cleaning“ (1948) во кои мачката и глувчето се прикажани со зацрнети лица
Обожавателите на легендарниот цртан филм „Том и Џери“ се лутат на одлуката две епизоди да бидат о��начени како непримерни и отстранети од најновата ДВД и блу-реј колекција. Станува збор за „спорните“ епизоди „Casanova Cat“ (1951) и „Mouse Cleaning“ (1948) во кои мачката и глувчето се прикажани со зацрнети лица, пишува „Дејли мејл“.
Вториот дел на златната колекција требаше да биде нецензурирана серија на популарните цртани филмови наредени по хронолошки ред, а иако се' уште ја нема во продавниците, обожавателите кои се одлучија да ја порачаат порано преку „Амазон“ негодуваат, а на „Фејсбук“ се појави и група „Да ги ослободиме забранетите цртани Том и Џери“.
Гласноговорникот на „Ворнер Брос“ изјави дека компанијата сметала дека одделни делови се непримерни. |