14.08.2013, 13:42 УЕФА го исфрли Металист од ЛШ
Украинскиот тим е суспендиран во Лигата на шампионите за тековната сезона 2013/14
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го исфрли украинскиот тим Металист од натпреварувањата во нејзина организација, поточно го суспендираше во Лигата на шампионите за тековната сезона 2013/14. Дисциплинската комисија на УЕФА својата одлука ја донесе врз основа на претходно покренатиот процес против овој клуб за учество на местење на натпревари во украинскиот шампионат.
Инаку Металист кој во плеј-офот за пласман во групната фаза на ЛШ требаше да се сретне со Шалке 04 има право на жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана. |