Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
15.08.2013, 09:45

Џозеф: За Атина кризата е посериозно прашање од името

Поранешениот директор на МКГ за Балканот вели дека е несериозно да се очекува оти Грција при тешката економска криза ќе се фокусира на билатералните спорови

Едвард Џозеф, поранешен директор на Меѓународната кризна група за Балканот, по посетата на грчкиот премиер Андонис Самарас на Вашингтон вели дека тешката економска криза во Грција ги прави несериозни очекувањата дека земјата може да се фокусира на решавање на билатералните спорови, како што е тој за името на Македонија.

- Целосна будалаштина се изјавите на Самарас дека Грција сега е остров на стабилност. Точно е дека спроведоа реформи, но со Грција се уште најважна е нивната внатрешна ситуација, која е многу сериозна. Долговите не се само бројки на парче хартија. Тешко ми е да го кажам ова, но другите прашања, како спорот за името, бледнеат во споредба со проблемите на Грција. Замислете само Грција да се распадне. Имаат фашистичка партија, Златна зора, потоа имаат министер за администрација, Мицотакис, кој се обидува целосно да ја видоизмени нивната јавна администрација отпуштајќи толку многу луѓе, и притоа се уште се длабоко во долг. Доколку нема нова помош по изборите во Германија, Грците се соочуваат со финансиска криза, која се заканува на економијата на целиот свет, вели Џозеф, кој сега работи на универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон.

Според него, позитивен сигнал е тоа што отворените прашања во регионот околу Грција беа спомнати на прес-конференцијата на Самарас и американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа, но очекувањата треба да се држат ниски.

- Среќа е што Обама, макар и индиректно, ги спомна балканските прашања во неговите забелешки. Гледаме дека Вашингтон продолжува да се обидува да ја поттурне Атина нанапред кон, како што рекоа, нерешените балкански прашања. Секако, тоа ја вклучува и спорот околу името на Македонија, но без притоа јавно да го посочат ова прашање. И тоа од две причини. Првата, Вашингтон не гледа дека би било продуктивно тоа да се прави јавно. И второ, фокусот кон Грција се уште е на крајно, крајно сериозниот проблем со грчкиот долг и внатрешните реформи кои Грција мора да ги спроведува. Со оваа се уште критична ситуација во Грција, мислам дека никој не треба да биде изненаден што само индиректно се спомна спорот за името, оценува американскиот експерт.

Џозеф вели дека можноста на Грција да влијае врз балканските прашања, позитивно, или поверојатно негативно, во време на нејзиното претседавање со Европската унија во првата половина на 2014 година, е ограничена. Според Џозеф, влијанието на државата – претседавач со Европската Унија е значително намалено по создавањето на дипломатската служба на ЕУ предводена од Кетрин Ештон.


Статијата е прочитана 915 пати.


Испрати коментар



Пусториус обвинет за убиство со предумисла
И Институтот за стандардизација ќе издава сертификати за ИСО-стандарди
Граѓаните им веруваат на институциите, особено на претседателот
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Македонските туристи се' помногубројни на албанското крајбрежје
Жерновски - Општината и Министерството за култура работеле незаконски на „Скопје 2014“
Водовод aпелира да не се кршат јавните чешми
Во јуни повеќе се продавало бензин од храна
ГТЦ со месечна добивка од околу 1.100 евра
НАТО нема да се меша во Египет
(ФОТО) Реонски центар „Аеродром“ ќе добие нова инфраструктура
Четврта Школа за млади лидери кај Иванов
(ФОТО) Македонија го одбележува Денот на АРМ
Почина „адвокатот на ѓаволот“
Турција и Египет ги повлекоа своите амбасадори на консултации
Изгаснат пожарот во магацин за шеќер и масло во Глумово
„Вашингтон пост“ објави извештај од Сноуден за работата на НСА
СБ повика да престане насилството во Египет
Свечености за Денот на АРМ
Итна седница на Советот за безбедност за Египет
Почнаа уписите на државните универзитети
Јакнење на капацитети во енергетиката
УНЕСКО испраќа комисија да види што се случува во Охрид
Зголемен прометот во индустријата
(ФОТО) Обама од Кенија ја виде Македонија
Албанците за Сирија заминуваат преку Турција
Ќе се вработат уште 50 лица со статус деца без родители
Тетовец во Албанија пукал во девојката, па се самоубил
Обама годинава летниот одмор го минува без ќерките
Крводарителска акција по повод Денот на АРМ
Сараќини - Трговскиот дефицит ќе се намали
(ФОТО) Египет во хаос, над 525 загинати во судирите
Експлозија на цистерни со гас во Бугарија, 11 повредени
Парнарџиева Змејкова се врака во ФЗО
Двајца новинари убиени во судирите во Каиро
Насилството во Египет не стивнува, досега загинаа најмалку 278 лица
Во Египет вонредна состојба, најмалку 149 загинати во Каиро
Сараќини - Искористени се 78 милиони евра од ЕИБ
Лозарите бараат повисоки цени за грозјето
Судот не му поверува на Субрата Рој дека ќе го плати долгот
Пензиониранит�� генерали на средба со Котевски и Џафери
Француските фирми се селат во Швајцарија
Логистички центар се гради во зоната Чојлија
Еден загинат во сообраќајка во Струмичко
Божидар Димитров - Мечот Македонија - Бугарија е од „домашна“ лига
Има жртви во потонатата индиска подморница
На плантажите со марихуана во Лазарет уапсени 58 лица
Албанија го блокира увозот на месо од Косово
Каиро се „чисти“ од демонстранти, најмалку 19 загинати



MFA, 15.08.2013 11:02:32
Обврската за преговори со Грција околу името е во споменатите резолуции на ООН, но токму тој нивен дел е правно нелегален(пречекорување на надлежностите на органите на ООН).Според тоа , наместо да се решаваат проблемите настанати со еден нелегален акт, потребно е да се работи на корекција на нелегалноста на тој акт, наместо да се решаваат последиците, треба да се искорени нивната причина.Од оваа гледна точка, преговорите со Грција околу името се прилично безпредметни што произлегува и од непроменливоста на ставовите на обете страни во досегашните разговори. Отсуството на притисок од страна на ООН кон двете преговарачки страни за разрешување на проблемот околу името(што тие, според резолуцијата на ООН требаше брзо да го сторат), може исто така да се сфати дека ООН молчејки признава дека одредувањето на името на една држава навистина влегува во нејзината внатрешна јурисдикција, и е битен дел на суверенитетот на држава.
trajko, 15.08.2013 17:06:46
Samo usa moze da go reshi problemot so Grcija nikoj drug!
Tony, 15.08.2013 19:19:14
Ova intervju e najseriozen dokaz za toa deka Grcija, clenka na EU i NATO, zamislete, apsolutno ne e zainteresirana za resavanje na nametnatiot problem od nivna strana po prasanje na imeto. Ednostavno ekonokmskata a i politickata krozavo GR e tolku golema sto na Grcite ni na kraj pamet ne im pagja da go rersavaat ovoj nametnat problem. So toa definitivno im se zatnuva ustata na dezurnite komenmtatori-kriticari deka MKD i Grujio se vinovni za neresevanjeto na ovoj problem i za blokiranite vrati za vlez naMKD vo EU i NATO, kako sto se razni Itar Pejovci, Caro Kanovci, Shu Trakovci i na niv slicni, potocno posle ova site nivni komentari ke bidat smesni i za zalenje. Go povikuvam Shu Trakot dokolku me komentira da se potpise so negoviot vistinski akronim, ako ima hrabrost za toa, razbira se!
do MFA i trajko, 15.08.2013 19:21:41
OON i bilo koj drug nadvoresen subjekt nema pravo ,ni bilo kakva jurisdikcija da odreduva ime na drzavite.Toa si e suvereno pravo na sekoja drzava.SAD da mozea,ke napravea nesto,no ne mozat tokmu zaradi toa sto ni SAD ne moze,nema da moze i nema moznost da nametnuva ime na druga drzava.I na SAD i na EU jasno im stana deka ne mozat da ne nateraat da smenime ime.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 17°C

Ведро

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Недела
Сончево
Макс: 35°C, Мин: 19°C

Понеделник
Сончево
Макс: 37°C, Мин: 18°C

Вторник
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Внимателно во базен - Секогаш е можна инфекција
Многумина сметаат дека разладувањето и пливањето е најдобар спас за жешките денови, но внимавајте на можните инфекции и ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24
Раст на бројот на работници во индустријата

Вкусен агол
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон | Саботен магазин |