Стрелец на единствениот гол против Гранада (1:0) беше Бензема во 10. минута на асистенција на Роналдо
Екипата на Реал Мадрид ја оствари и втората победа во ново првенство откако синоќа на гостувањето кај Гранада славеше со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Карим Бензема во 10. минута на асистенција на Кристијано Роналдо.
Со овој триумф „кралскиот клуб“ им се приклучи на екипите на Барселона, Атлетико Мадрид, Атлетик Билбао и на Виљареал на чело на табелата со по две победи и максимални 6 бодови.
Во следното кол Реал на домашен терен игра со Атлетик Билбао.